Бимилк

Компанијата БИМИЛК постои од 1952 година и низ годините претставува синоним за традиција, квалитетни млечни производи и успешно деловно работење. Широкиот спектар на производи ни донесе голем број на лојални клиенти, а деловните принципи на кои се придржуваме од основањето се заслужни за нашиот тим од врвни експерти, како и бројни соработки со кои се гордееме. Запознајте ги нашите вредности и производи.

Вести од компанијата Бимилк

Нашиот рецепт за успех

Најквалитетни млечни производи

Млечните производи на Бимилк содржат млеко со највисок квалитет, кое го набавуваме од нашите фармери кооперанти. Нудиме млечни производи кои ги задоволуваат европските стандарди и критериуми за квалитет.

Стручен кадар и производство

Нашиот тим се состои од професионален персонал кој заедно со модерната технологија е одговорен за постојано подобрување на производството. Бимилк е компанија со долга традиција, која со задоволство ги прифаќа новитетите и ги следи модерните трендови.

Грижа за животната средина

Млекара АД Битола работи на постојано унапредување на заштитата на животната средина, дефинирање цели и проекти, но и организирање обуки за своите вработени со цел постојано подигање на нивното ниво на свест кога станува збор за оваа важна тема.

Истакнати брендови на Бимилк што ги сакате

Брендовите на Бимилк се создадени со намера да ги задоволат потребите на целото семејство. Од млечните производи Битолско кои ги красат вашите трпези со децении, функционалните јогурти Баланс+, преку разиграните овошни јогурти Јogood, спортскиот бренд Протеин, па сè до кафето Flert создадено за убави утра – брендовите на Бимилк се создадени за луѓе од сите возрасти, животни стилови и вкусови.

Play Video

Повеќе од 80 млечни Бимилк производи - за сечиј вкус

Компанијата Бимилк се грижи за апсолутно секој клиент, и затоа нуди широк асортиман на производи – за сечиј вкус. Нашата понуда се состои од стандардни млечни производи, портфолиото Баланс+ посветено на оние кои се грижат за добро варење, производи без лактоза, органски млечни производи, како и слатки вкусови. Повеќе од 80 млечни Бимилк производи го најдоа патот до вашите фрижидери и трпези!

Практично и оригинално пакување

Наш заштитен знак на пакувањето е Битолското чупе! Сепак, специјалните линии на нашите производи, како Баланс+, Jogood или Протеин, се карактеризираат со оригинално дизајнирано и практично пакување, кое во повеќето случаи може да се консумира „во движење“ – на пат кон работа.

Slide
Slide

Пријавете се за билтенот на Бимилк!

Останете во тек со најновите вести од Бимилк. Бидете први што ќе дознаете за нашите промоции, новости и нови производи што ги подготвуваме за вас!

    Scroll to Top

    Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.