00 / 00
|

3 мезе сосови со Битолска павлака

15 min.

Потребни состојки

  • 400g Битолска павлака
  • 300g изварка
  • сол по вкус
  • Мексикански лут сос: 2 лажички мелен црвен пипер; ½ лажичка зачин чили (по желба може да додадете повеќе); лук во прав по вкус.
  • Медитерански сос: 2 лажици кечап; 2 лажици мајонез; ½ – 1 лажичка оригано.
  • Традиционален сос со семиња: 2 лажици сусам; 2 лажици сончоглед; мелен црн пипер по вкус; ½ лажиче лук во прав или 1 чешне лук или по вкус; 2 лажици сецкан магдонос.

Подготовка

1.

Во длабок сад ставете ги Битолската павлака, изварката и додајте сол по вкус. Измешајте и смесата поделете ја на три еднакви делови.

2.

Започнете со подготовка на мексиканскиот сос. Во едниот дел ставете мелен црвен пипер, зачин чили и додајте малку лук во прав. Измешајте ги состојките и сосот сервирајте го во мала чинија.

3.

За да го направите медитеранскиот сос во другиот дел од смесата со Битолската павлака додајте кечап, мајонез и оригано. Измешајте и сосот сервирајте го во мал сад.

4.

Сусамот и сончогледот ставете ги во нелеплива тава на оган. Пропржете ги околу 2 до 3 минути.

5.

На крај во преостанатата смеса со павлака додајте ги сусамот, сончогледот, магдоносот и зачинете со лук во прав и мелен црн пипер. Измешајте ги состојките и ставете ги во мала чинија.

6.

Трите мезе сосови со Битолска павлака послужете ги со крекери или тортиља чипс по желба.

Датум на објавување 17.04.2019.

Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal