00 / 00
|

Банана леб со кикиритки и портокал

70 min.

За сите љубители на популарниот банана леб имаме нов рецепт кој сигурно ќе ве израдува. Приготвен во кујната на Сѐ за храна, овој рецепт претставува совршен спој на слатка банана и крцкави кикиритки со изразена овошна нота на портокал. Мек, сочен и на места крцкав од кикиритките, ќе ве воодушеви со својот богат вкус. Супер вкусен десерт кој мора да го пробате во првата прилика штом имате зрели и потемнети банани, кои не знаете за што да ги искористите.

Совршен е за појадок со чаша чај или кафе, за десерт или брза ужинка. Се подготвува за 5-10 минути, а се јаде уште побрзо, затоа што гарантираме дека ќе им се допадне на сите, од најмали, па до најстари. Набавете си Битолска павлака со 20% мм, подгответе го и уверете се во неговиот совршен вкус.

Благодарност до sezahrana.mk.

Потребни состојки

  • 1½ чаша брашно
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 3 зрели банани
  • ¼ чаша растопен и кратко изладен Битолски путер
  • ½ чаша кафеав шеќер
  • 1 јајце
  • 80 г Битолска павлака со 20% мм
  • ½ лажичка цимет
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • кора од 1 портокал
  • ½ чаша ситно сечкани несолени кикиритки или кокос по избор.

Подготовка

1.

Во длабок сад измешајте ги брашното и прашокот за печиво.
Во друг сад со помош на виљушка изгмечете ги зрелите банани. Додајте го растопениот и кратко изладен Битолски путер. Добро измешајте додека се соединат сите состојки

2.

Во сад за матење изматете ги кафеавиот шеќер, јајцето, кората од портокал, циметот, Битолската павлака и ванилиниот шеќер.
Смесата со брашното додајте ја во садот со јајцето и павлаката. Потоа додајте ги и пасираните банани со путерот и кратко измешајте со жица за матење.
Кикиритките ситно исечкајте ги со помош на сечко или процесор за храна и додајте ги во смесата за колачот

3.

Правоаголниот калап обложете го со хартија за печење, а потоа ставете ја смесата за колачот.
Колачот печете го во претходно загреана рерна на 180 степени околу 50 – 60 минути. Послужете го со мед, парчиња банана и чај.
На здравје,

Датум на објавување 05.05.2020.

Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal