Брзи пица макарони

  • 20 мин.
    Време на подготовка
Содржина

Состојки

  • 300 г макарони

  • 3 л вода

  • 100 г Битолска павлака со 20% мм

  • 120 мл неутрална павлака за готвење

  • 120 мл кечап

  • 1 мала лажичка оригано

  • 75 г шункова салама

  • 120 г маринирани сечкани печурки

  • 100 г кашкавал

  • сол по вкус

  • свеж босилек


Подготовка

  1. Во тенџере на оган ставете ја водата да се вари и додајте ½ мала лажичка сол. Штом водата зоврие додајте ги макароните и варете 5-7 минути зависно од упатството наведено на пакувањето.

  2. Сварените макарони исцедете ги.

  3. Кашкавалот изрендајте го, а саламата исечете на четвртинки.

  4. Во длабок сад ставете ги Битолската павлака, неутралната павлака за готвење, кечапот и ориганото. Измешајте ги и додајте ги во садот со макароните. Посолете по вкус.

  5. Во тава ставете ги макароните. Врз нив додајте го ренданиот кашкавал, сечканата салама и печурките.

  6. Тавата ставете ја во загреана рерна на 250 степени и печете околу 10 минути за да се растопи кашкавалот. Топлите пица макарони послужете ги веднаш со листови свеж босилек. На здравје!

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.