Едноставен рецепт за популарната чизкејк торта

  • 240 мин.
    Време на подготовка
Содржина

Состојки

  • 125 г путер или маргарин

  • 100 г шеќер во прав

  • 300 г мелени бисквити

  • 120 мл сок од портокал (може да користите свежо цеден или готов по вкус).

  • ЗА ФИЛ:

  • 400 г крем сирење

  • 150 г шеќер во прав

  • 500 мл слатка павлака

  • 180 г Битолска павлака со 20% млечна маст

  • 1 ќесичка желатин

  • 50 мл вода.

  • ЗА ПРЕЛИВ

  • 300 г мешано овошје (јагоди, боровинки, вишни, аронија)

  • 400 мл вода


Подготовка

  1. Најпрво подгответе ја подлогата, односно кората за чизкејк. Во длабок сад изматете ги путерот и шеќерот во прав.
    Откако добро ќе ги изматите, додајте ги мелените бисквити. На крај додајте го сокот од портокал и продолжете со мешање додека смесата се соедини.
    Вака подготвената смеса префрлете ја во калап за чизкејк и рамномерно распоредете го притискајќи го со прсти или лажица така што ќе се формира кора.
    Подготвената кора ставете ја во фрижидер за добро да се стегне, а во меѓувреме подгответе го филот.

  2. Најпрво желатинот прелијте го со 50 мл ладна вода и оставете го да набабри.
    Во длабок сад за матење измешајте ги крем сирењето и шеќерот во прав. Мешајте со нежни движења на раката и не користете миксер, бидејќи сирењето ќе се растопи и нема да ја има посакуваната густина.
    Слатката павлака изматете ја во посебен сад, па додајте ја во крем сирењето и повторно со нежно мешање соединете ги сите состојки.
    На крај додајте ја и Битолската павлака и повторно се нежно промешајте.

  3. Набабрениот желатин загрејте го неколку секунди во микробранова печка или на шпорет. Растопениот желатин додајте го во преостанатиот фил и измешајте.
    Врз бисквитната подлога нанесете го филот. Калапот ставете го во фрижидер за се добро да се стегни тортата, најмалку 3 часа.
    Во мал сад ставете го желатинот и додајте 100 мл ладна вода. Измешајте го и оставете го да набабри.

  4. Во тенџере на оган ставете ги овошјето, шеќерот и преостанатата вода. Овошјето варете го 3 до 5 минути, а потоа тргнете го од оган и додајте го желатинот. Измешајте за да се растопи желатинот и оставете го преливот да се излади кратко околу 5 до 10 минути. Со помош на голема лажица преливот внимателно ставете го во калапот. Тортата вратете ја во фрижидер и оставете ја да се лади уште 3 до 4 часа. На здравје!

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.