Екстра меки и вкусни палачинки

  • 60 мин.
    Време на подготовка
Содржина

Состојки

  • · 100g брашно

  • · 3 јајца

  • · 30g шеќер

  • · ½ лажичка прашок за пециво

  • · ¼ лажичка сода бикарбона

  • · 25g стопен путер

  • · 1 пакување 180g Битолска павлака

  • · екстракт од ванила

  • · За кремот од чоколадо

  • · 200ml хопла

  • · 200g чоколадо (пожелно за готвење)

  • · рум или сок од портокал по желба


Подготовка

  1. Во сад ставете ја павлаката и убаво изматете ја со маталка. Во неа додадете една жолчка, па потоа прашокот за пециво, сода бикарбона, малку екстракт од ванила и путер. Во следната фаза пристапете кон додавање на брашното. За да добиете хомогена смеса, додавајте го брашното етапно. Откако сте го приготвиле овој дел од смесата, оставете го на страна и во друг сад ставете 3 белки. Изматете ги со миксер додека не добиете убава пена, за потоа полека да го додадете и шеќерот. За најдобар резултат ви препорачуваме да користите јајца оставени на собна температура. 

  2. Земете ја претходната смеса и пената од белки и започнете со нивно спојување, кое ќе го направите така што белките постепено ќе ги додадете во првата смеса. Матете со лажица, правејќи побавни движења за да добиете што попенеста смеса. Овој начин на подготовка ќе им даде посебна мекост и лесна структура на вашите палачинки.

  3. Откако ќе ги споите двата дела време е за пржење. Во тава на тивок оган обликувајте мали кругови и пржете ги од двете страни.

  4. Кремот ќе го направите така што во сад на оган ќе ја ставите хоплата и ќе ја загреете. Потоа во неа ставете го чоколадото и почекајте додека се стопи. Ние додадовме и малку рум, за да добиеме посебна арома. Доколку не сте љубители на румот, слободно можете да ставите сок од портокал или пак ликер кои, исто така, се одлична комбинација. 

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.