00 / 00
|

Мексиканска енчилада со пилешко месо

50 min.

Популарната енчилада приготвена во кујната на Сѐ за храна! Време е за ново гастрономско уживање и дегустација на мексиканската кујна. Гурмански специјалитет со богат вкус, кој потекнува од 19-от век.
Подготовката на енчиладата е едноставна, а за нецел час ќе имате супер вкусен ручек за целото семејство. Набавате пилешки стек, Битолска павалка и тортиљи, па препуштете се на новото гастрономско доживување за кое гарантираме дека ќе му се допадне на целото семејство.

Препорака од авторот:
„Пикантно, со богата арома на доматен сос, меки тортиљи, кремасто пилешко и финиш на растопен кашкавал. Оваа мексиканска енчилада едноставно мора да се проба. Обожавам да испробувам различни јадења од интернационалната кујна, а овој пат се одлучив да ви го доловам вкусот на Мексико и во вашиот дом. Сигурна сум дека тоа ќе биде еден од вашите омилени рецепти.“ - вели Марија oд sezahrana.mk.

Потребни состојки

  • 350 г пилешки стек
  • 1 помала главица кромид
  • 5-6 лажици масло
  • 100 г Битолска павлака со 20% мм
  • 200 г рендан кашкавал
  • енчилада сос
  • 7 тортиљи.
  • За енчилада сос:
  • 1 коцка за супа од зеленчук
  • 600 мл вода
  • 250 мл доматен сос
  • 1 мала лажичка оригано
  • 1 мала лажичка чили зачин
  • 1 мала лажичка тако зачин
  • ¼ мала лажичка лук во прав
  • 2 лажици брашно
  • 1 лажица густин (нишесте)
  • сол и мелен црн пипер по вкус.

Подготовка

1.

Започнете со подготовка на енчилада сосот. Во сад на оган ставете 500 мл вода да се вари. Штом водата зоврие додајте ја коцката за супа. Варете 2 до 3 минути, а потоа додајте го доматиот сос, ориганото, чили, тако зачинот и лукот во прав.

2.

Во мал сад ставете ги брашното и густинот. Измешајте ги и додајте 100 мл ладна вода. Во сосот додајте го разматеното брашно и продолжете со варење околу 3 до 4 минути додека се згусти. Посолете и зачинете со мелен црн пипер по вкус.

3.

Пилешкиот стек исечкајте го на тенки ленти. Кромидот ситно исечкајте го.
Во тава на оган ставете 2-3 лажици масло да се загреат. Во загреаното масло пропржете го стекот околу 3-4 минути, додека малку порумени. Извадете го од тавата.

Во тавата додајте го преостанатото масло и ситно сечканиот кромид. Пржете го кромидот околу 5 минути, а потоа додајте го пилешкиот стек. Заедно пропржете ги уште 2-3 минути. Тавата тргнете ја од огнот и додајте 1 чаша од енчилада сосот и 100 г Битолска павлака. Измешајте за да се соединат, а на крај додајте 1 чаша рендан кашкавал.

4.

Во тавата за печење ставете 3-4 лажици од енчилада сосот.
Врз секоја тортиља нанесете 1 лажица сос и 2-3 лажици од филот со пилешкото месо и павлаката. Тортиљата свиткајте ја како ролат и ставете ја во тавата за печење. Врз тортиљите ставете го преостанатиот енчилада сос. Рерната пуштете ја да се загрева на 200 степени и ставете ја енчиладата да се печи за време од 15 минути. Потоа, извадете ја од рерната и нанесете го преостанатиот рендан кашкавал. Продолжете со печењето уште 10 минути додека кашкавалот се растопи.

5.

Топлата мексиканска енчилада послужете ја веднаш. Уживајте во фантастичниот вкус.

Датум на објавување 05.05.2020.

Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal