00 / 00
|

Мусака

60 min.

Потребни состојки

  • 6 компири (средна големина)
  • 1 кромид
  • 1 морков
  • 1 чешне лук
  • 300g Мелено месо (видот на месо одредете го сами)
  • 1 лажица доматно пире
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка вегета
  • малку оригано
  • малку црн пипер
  • 3 јајца
  • 200 гр Битолска павлака

Подготовка

1.

Вклучете ја рерната на 175°C. На загреана тава со неколку лажици маслиново масло, додадете ситно исецкани кромид, лук и морков. Откако ќе се пропржат ги додавате меленото месо и зачините . Се пржи околу 5 до 7 минути.

2.

Потоа се додава доматното пире и зачините. Се пропржува уште 2 минути. Откако месото ќе биде готово, можете да започнете со подготовка на компирот.

3.

Компирите добро измијте ги и тенко исечете ги во форма на чипс. Тавата намачкајте кај со малку путер. Компирите поделете ги на три, а месото на два дела.

4.

Ставете го првиот слој од компири, ставите многу малку сол врз компирите, па потоа ставете го едниот дел од месото. Постапката повторете ја и на крај завршуваме со слој од компири. Ставете вода со тоа што мерата ќе ви биде последниот слој од компири да не биде покриен со вода. Ставете ја да се пече покриена со фолија.

5.

Додека мусаката се пече, во длабок сад изматете 3 јајца и додадете ја павлаката. По 30 минути печење ги додаваме изматените јајца со павлака одозгора и ја оставаме мусаката да се пече без фолија уште 20 минути.

Датум на објавување 18.04.2019.

Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal