Палента на скара

  • 60 мин.
    Време на подготовка
Содржина

Состојки

  • 250 g палента,

  • 250 g колбаси,

  • 250 g павлака Bimilk,

  • малку сол,

  • 1 лажица путер,

  • 1 литар вода,

  • рукола за декорација.


Подготовка

  1. Во 1 литар зовриена солена вода се додава палентата и се готви додека не почне да се згуснува со повремено мешање со лажица. Готовата палента се става во тава обложена со хартија за печење и се остава 30 минути во фрижидер да се стегне.

  2. Потоа се сече на парчиња и секое парче се пече во грил тава од двете страни. Парчињата се редат на сад за сервирање и над нив се додава павлаката и колбасите (претходно иситнети и испечени на грил тава). На крај украсуваме со рукола.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.