Потаж од грашок

  • 30 мин.
    Време на подготовка
Содржина

Состојки

  • 2 лажици Битолски путер

  • 2 кромида, ситно исечкани

  • 2 чешниња лук, ситно исечкани

  • 1 лажичка толчен пипер (буковец или црвен пипер)

  • 450ml пилешки бујон

  • 600g грашок

  • Малку коријандер

  • Сол

  • Бибер

  • Битолска Павлака

  • Малку пармезан за декорација


Подготовка

  1. Земете длабока тава и загрејте ја, па додајте путер, кромид, лук и пипер. Пропржете се заедно околу пет минути, додека не омекнат и не добијат златеста нијанса. Потоа, ставете го пилешкиот бујон и грашокот, а кога ќе зоврие оставете неколку минути на тивок оган да се вари, додека не омекне грашокот.

  2. Додадете сол, бибер и коријандер по желба. На крај, изблендирајте (високите блендери се позгодни за ова, но и да немате таков, искористете каков имате) додека не добиете кремаста текстура. Ако е премногу густо, додадете малку топла вода.

  3. Сервирајте во чинии, па декорирајте со Битолска павлака и малку пармезан. Покрај тоа, можете да додадете од омилените семки или нане, зачини итн…

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.