Сочен куглоф со лимон

  • 120 мин.
    Време на подготовка
Содржина

Состојки

  • 1 чаша путер на собна температура

  • 2 чаши шеќер

  • 6 јајца

  • 3 чаши брашно

  • ¼ лажичка сода бикарбона

  • 1 чаша Битолска павлака со 20% мм

  • ¼ лажичка сол

  • 2 лажички екстракт од ванила

  • рендана кора од еден лимон

  • 2 лажици свежо цеден сок од лимон

  • шеќер во прав по желба

  • растопено розово чоколадо по желба.


Подготовка

  1. Во сад за матење ставете ги путерот и шеќерот. Изматете ги со миксер околу 5-7 минути. Потоа додајте ги јајцата едно по едно и продолжете со матењето додека се добие хомогена смеса.
    Во друг сад измешајте ги брашното, содата бикарбона, ренданата кора од лимон и солта.

  2. Во мал сад измешајте ги Битолската павлака, сокот од лимон и екстрактот од ванила. Миксерот намалете го на најниската брзина и во садот со јајцата наизменично додајте од брашното и павлаката.
    Вака подготвената смеса ставете ја во претходно намрсен и набрашнет калап за куглоф.
    Куглофот печете го во претходно загреана рерна на 160 степени околу 1¼ до 1½ час.

  3. Печениот куглоф со лимон оставете го во калапот да се излади околу 15 минути, па внимателно извадете го.
    Куглофот посипете го со шеќер во прав или украсете го со растопено розово чоколадо и бобинкасто овошје по ваш избор.
    На здравје,

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.