00 / 00
|

Велигденски специјалитет со јагнешки бут

255 min.

Празничната велигденска атмосфера некако секогаш се асоцира со трпеза на која се собира целото семејство и која е исполнета со традиционални домашни специјалитети.
Специјалитетите со јагнешко месо се едни од првите на кои ќе помислите кога ќе се спомне Велигден, а во продолжение следува наш предлог на оваа тема.

Потребни состојки

  • Јагнешки бут
  • 5 чешниња лук
  • црн пипер
  • рузмарин
  • 200 мл. маслиново масло
  • 2 кг. млади компири
  • мала шолја морска сол
  • За сос:
  • 500 гр. свежи шамињони
  • 400 гр. Битолска павлака
  • 1/2 чешне лук
  • една мала шолја маслиново масло
  • сол, црн пипер и оригано по вкус

Подготовка

1.

Во добро измиениот јагнешки бут втријте го морската сол и црниот пипер, распоредете рузмарин по целата површина и замотајте го бутот во алуминиумска фолија. Така подготвен оставете го да отстои во фрижидер неколку часа.

2.

Кога ќе го извадите од фрижидер прелијте го со маслиново масло и префрлете го во сад за печење. Ставете го бутот во незагреана рерна и потоа истата уклучете ја на 180 степени. На тој начин месото ќе се пече полека и на крајот поради тоа ќе биде посочно.

Печете околу еден час, по што треба да додадете малку вода и бутот да го свртите на другата страна со цел рамномерно да се испече. По половина час повторно свртете го бутот и прелијте го со сосот кој се создал во садот при самото печење.

3.

Младите компири кратко обарете ги и ставете ги во садот со месото. Тие ќе впијат помалку масло затоа што се обарени, а ќе добијат на вкус. Во зависност од големината на компирите, треба да се пече од 25 до 35 минути.

Пред крајот со печењето додадете и ситно исечкан лук. По печењето јагнешкиот бут треба да отстои и да се опушти најмалку 15-тина минути со цел месото да биде посочно и помеко. Потоа е подготвено за сервирање.

4.

Како прилог за овој велигденски специјалитет предлагаме прелив со печурки и Битолска павлака. Истиот се подготвува едноставно, со пропржување на посакувава доза на зачинети свежи печурки во маслиново масло, нивно ситно сечкање и мешање во претходно подготвена мешавина од Битолска павлака, малку сол, оригано, црн пипер и маслиново масло.

Датум на објавување 16.04.2020.

Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal