Чоколадни путер мафини со путер крем

  • 25 мин.
    Време на подготовка
Содржина

Состојки

  • Потребни состојки:

  • 1 јајце

  • 1 пециво

  • 120гр шеќер

  • 120мл млеко

  • 150гр брашно

  • 150гр Битолски путер

  • 150гр чоколадо

  • 50гр какао

  • Крем


Подготовка

  1. За мафините најпрво на пареа растопете го путерот со чоколадото. Измешајте ги јајцата, шеќерот и млекото, па додадете ја смесата од путер и чоколадо. Во оваа смеса додадете ги сите суви состојки и убаво измешајте. Смесата префрлете ја во калапи за мафини(зависно од големината излегуваат од 8-12 мафини). Печете ги во загреана рерна на 170/180С околу 15тина минути. Оставете ги да се изладат, а за тоа време спремете ја путер кремата.

  2. Изматете омекнат путер на собна температура со шеќер во прав и растопено чоколадо. Убаво матете со миксер дури не добиете убава мазна крема. Оставете ја кремата малце да се стегне, ама не во фрижидер.

  3. Ставете од кремата врз секоја мафина и по желба ставете парчиња чоколадо, овошје и сл.Чоколадни путер мафини со путер крем.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.