00 / 00
|

Чоколадни тарт колачи со солен карамел

0 min.

Совет: Калапите претходно обложете ги со проѕирна фолија за да може полесно да ги отстраните готовите колачи.

Рецепт од: https://www.instagram.com/kokarche/

Потребни состојки

  • Потребни состојки:
  • Состојките одговараат за 5 мини тарт колачи Ø 10см или 1 калап Ø20-22см.
  • КОРПИ
  • - 250гр мелени бисквити
  • - 120гр растопен Битолски путер
  • - 30мл млеко
  • КАРАМЕЛ 350мл
  • - 200гр кристал шеќер
  • - 90гр Битолски путер исецкан на коцки
  • - 120мл млечна павлака за шлаг (35-36% мм) или хопла
  • - 1 лажичка сол
  • ЧОКОЛАДЕН ГАНАШ
  • - 250гр темно чоколадо
  • - 150мл млечна павлака за шлаг (или хопла)
  • ДЕКОРАЦИЈА
  • - пуканки
  • - Карамел

Подготовка

1.

Во длабок сад се мешаат мелените бисквити, млекото и путерот. Смесата се соединува така што да не останат суви делови и се натапкува во калапите (по 80гр во секој). Се оставаат во замрзнувач да се стегнат додека се подготвува карамелот.

2.

Карамел:
* Во мало тенџере на среден оган се става шеќерот да се стопи со повремено мешање. Штом се стопи се додава путерот, се меша да се растопи и соедини со шеќерот.* Потоа се додава и павлаката постепено во тенок млаз и со постојано мешање. Се остава да проврие 1 минута, се трга од оган, се додава солта, се промешува и се остава да се олади.* Оладениот карамел се распоредува во корпите (по 60мл во секоја). Остатокот од карамелот зачувајте го во добро затворен сад за прелив или други десерти.

3.

Чоколаден ганаш:
* Во длабок сад се стават состојките и се загреваат на пареа (садот се поставува врз тенџере со вода што врие, водата не смее да го допира садот). Така стои додека не се растопи целото чоколадо со повремено мешање, се трга на стена и се меша додека не се добие густа смеса.* Ганашот се распоредува над карамелот (по 80мл во секој)

Датум на објавување 28.07.2021.

Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal