00 / 00
|

Tорта со јагоди

0 min.

Потребни состојки

  • Потребни состојки:
  • За пандишпанот:
  • 4 јајца, на собна температура
  • 150g шеќер
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 120g Битолски путер, растопен
  • 150g брашно
  • 1 пакетче прашок за печиво
  • За филот:
  • 2 кесички за шлаг крема
  • 2 кесички за шлаг пена
  • 600мл млеко
  • 200g бело чоколадо, растопено на пареа
  • 1 пакетче желатин, растворен во 4 лажици студена вода, па растопен на пареа
  • За преливот:
  • 400g свежи јагоди, пресечени на половина
  • 1 пакетче прелив за торти - желе за торти
  • 3 лажици шеќер
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 250 мл вода

Подготовка

1.

Во длабок сад изматете ги јајцата заедно шеќерот и ванилата. Додајте го растопениот путер, брашното и прашокот за печиво и промешајте со помош на шпатула.


2.

Префрлете ја смесата за пандишпанот во округло тавче на механизам, претходно премачкано со путер и печете во загреана рерна на 180 степени околу 30-35 минути. Оставете комплетно да се излади.

3.

Во друг сад изматете го млекото заедно со кесичките за шлаг крема и шлаг пена во цврст фил. Додајте го растопеното бело чоколадо и промешајте. Додајте го и растопениот желатин и промешајте. убаво додека смесата не се соедини.

4.

Префрлете го филот врз изладениот пандишпан додека е сеуште во калапот во кој се печеше и оставете во ладилник да се стегне околу 1 час.

5.

Измијте ги јагодите и пресечете ги на половина. Наредете ги по цела површина на тортата.

6.

Зовријте ја водата, а претходно промешајте 4 лажици од водата со преливот за торти, шеќерот и ванилата. Додајте ја зовриената вода и промешајте. Истурете го врелиот прелив врз јагодите и оставете во ладилник да се стегне околу 1-2 часа. Пресечете парчиња и уживајте.

Добар апетит и забавно готвење!

Рецепт од: https://www.instagram.com/daveskitchenofficial

Датум на објавување 09.06.2021.

Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal