00 / 00
|

Домашни колачиња со парчиња чоколадо и путер

25 min.

Битолскиот путер е најновиот производ од Бимилк што ги воодушевува сите сладокусци и љубители на вистинскиот вкус на путерот. Битолскиот свеж путер е создаден од најквалитетни суровини. Неговиот совршен мирис и вкус им дава нов живот на сендвичите, на колачите и на омилените јадења. Тој е вистинскиот сојузник во кулинарската уметност бидејќи го облагородува секој домашен колач или, пак, јадење што сме решиле да го зготвиме.
Освен што е идеален за подготовка на секое домашно јадење, Битолскиот путер е одличен извор на енергија, природно богат со витамините А и Д што заедно со многуте хранливи состојки благотворно влијаат врз организмот. Битолскиот путер е природен, здрав и вкусен избор за секого.
Во продолжение ви претставуваме два интересни рецепти со Битолски путер што ќе ве вратат во детството. Мирисот на домашните колачиња и кифлички е еден од најпосакуваните мириси во куќата. Сигурно сите се сеќаваме на вкусот и на мирисот на меките кифлички и колачиња што ги правеше нашата баба.
Тајната на совршениот вкус е путерот што го комплетира вкусот со секој нареден залак. Сега вкусните домашни кифлички можеме да ги направиме со Битолски путер и со нив да ги воодушевите семејството и гостите.

Потребни состојки

  • 150 гр Битолски путер
  • 220 гр шеќер
  • 300 гр чоколадо
  • 1 јајце
  • 1 жолчка
  • 300 гр брашно
  • 1/2 лажиче сода бикарбона
  • 1/4 лажиче сол

Подготовка

1.

На тивок оган го растопуваме Битолскиот путер, а потоа го оставаме настрана за да се излади.

2.

Во растопениот путер го додаваме шеќерот и матиме, а потоа ги додаваме јајцето и жолчката.

3.

Матиме додека не добиеме кремаста смеса. Потоа во смесата ги ставаме брашното и сода бикарбоната, а на крај додаваме ситни коцки чоколадо.

4.

Со раце ги обликуваме колачињата и ги редиме во тава обложена со хартија за печење.

5.

Ги ставаме да се печат во загреана рерна на 170°C 15-17 минути.

Датум на објавување 10.08.2017.

Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal