Пилешко филе со зачинет путер

  • 45 мин.
    Време на подготовка
Содржина

Состојки

  • 800 гр пилешко филе

  • 50 гр крупно исечкани печени бадеми

  • 2-3 лажици масло

  • За прилогот од зеленчук

  • 200 гр моркови

  • 400 гр млада боранија

  • 100 гр целер

  • 1 лажица обарена пченка

  • За зачинетиот путер

  • 100 гр Битолски путер


Подготовка

  1. Најпрво на тивок оган го растопуваме Битолскиот путер и ги додаваме мешаниот зачин, магданосот, сокот од лимон и изренданата кора од лимон и оставаме да се излади на собна температура.

  2. Зеленчукот добро го миеме и го ставаме во сад на оган за малку да се обари, околу 5-10 минути. Го процедуваме обарениот зеленчук и го оставаме настрана, на топло место.

    Пилешкото филе го сечеме на ленти.

  3. Во загреана тава на оган ги пропржуваме лентите пилешко филе додека малку не заруменат. Секоја од пропржените ленти ја премачкуваме со по една лажица од зачинетиот путер и пржиме уште 2-3 минути.

    Со останатата смеса од зачинетиот путер го зачинуваме зеленчукот.

  4. За крај, врз пржените пилешки ленти наросуваме сечкани бадеми и сервираме со прилогот од зеленчук и салата по желба.

  5. За неделен десерт се одлучивме за вкусен ролат од кокос во чија подготовка се вклучува целото семејство. Вкусот на кокос измешан со прекрасните ноти на Битолски путер на Бимилк ќе нè вратат во минатото кога нашите баби приготвуваа вкусни домашни колачи и ролати.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.