00 / 00
|

Путер чорба со карфиол

35 min.

Вечната дилема на секое семејство во недела е што да се подготви за вкусен неделен ручек кога секој член од фамилијата е дома. Често се случува размислувањето, дискусијата, планирањето на оброкот, па и готвењето, да бидат понапорни отколку што е потребно. Поради тоа, доколку не знаете што да зготвите за следното неделно попладне, ние сме тука да ви помогнеме.

Изборот е разновиден и здрав за целото семејство. Започнуваме со путер чорба со карфиол како предјадење, каде што вкусот на новиот Битолски путер на Бимилк ќе ве воодушеви и нема да ве остави рамнодушни со секоја нова лажица. Чорбата ќе ни ја врати енергијата потрошена во текот на денот, а Битолскиот путер што е создаден од најквалитетни здрави суровини само ќе ни даде повод за уживање при секоја голтка.

Потребни состојки

  • 1 китка карфиол – околу 1 кг
  • 1 лажица сол
  • 40 гр Битолски путер
  • 50 мл млеко
  • сол и црн бибер
  • 1 лажица мешан зачин
  • 1 јајце

Подготовка

1.

Најпрво го ситниме карфиолот на ситни цветови и го ставаме во 3 л сад. Полеваме со вода за да се покрие содржината и додаваме 1 лажица сол.

2.

Го ставаме садот на оган и го оставаме да се вари десетина минути. Со постојано мешање, полека додаваме 40 мл млеко и 40 гр Битолски путер. Зачинуваме со 1 лажичка мешан зачин и сол и бибер по вкус. Го враќаме садот на средна температура и го оставаме да се вари петнаесетина минути со повремено промешување

3.

Во меѓувреме, настрана во сад го матиме јајцето и ги додаваме останатите 10 мл млеко. Добро изматената смеса полека ја тураме во садот во кој се вари карфиолот и постојано мешаме неколку минути. Го тргаме садот од оган и оставаме да се излади десетина минути.

Путер-чорбата е подготвена за сервирање!

4.

За главно јадење препорачуваме пилешко филе чиј вкус ќе нè воодушеви и ќе нè остави без коментар. Новиот Битолски путер на Бимилк што е идеален за подготовка на секое домашно јадење ќе ги изненади сите домашни што до максимум ќе уживаат во вкусот на зачинетиот Битолски путер и пилешкото филе.

Датум на објавување 21.08.2017.

Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal