00 / 00
|

Путер-кифли

30 min.

Битолскиот путер е најновиот производ од Бимилк што ги воодушевува сите сладокусци и љубители на вистинскиот вкус на путерот. Битолскиот свеж путер е создаден од најквалитетни суровини. Неговиот совршен мирис и вкус им дава нов живот на сендвичите, на колачите и на омилените јадења. Тој е вистинскиот сојузник во кулинарската уметност бидејќи го облагородува секој домашен колач или, пак, јадење што сме решиле да го зготвиме.

Освен што е идеален за подготовка на секое домашно јадење, Битолскиот путер е одличен извор на енергија, природно богат со витамините А и Д што заедно со многуте хранливи состојки благотворно влијаат врз организмот. Битолскиот путер е природен, здрав и вкусен избор за секого.

Во продолжение ви претставуваме два интересни рецепти со Битолски путер што ќе ве вратат во детството. Мирисот на домашните колачиња и кифлички е еден од најпосакуваните мириси во куќата. Сигурно сите се сеќаваме на вкусот и на мирисот на меките кифлички и колачиња што ги правеше нашата баба.

Тајната на совршениот вкус е путерот што го комплетира вкусот со секој нареден залак. Сега вкусните домашни кифлички можеме да ги направиме со Битолски путер и со нив да ги воодушевите семејството и гостите.

Потребни состојки

  • 100 гр Битолски путер
  • 1 кг брашно
  • 500 мл Битолско млеко
  • 300 мл масло
  • 2 јајца
  • 1 супена лажица сол и малку шеќер
  • 50 гр квасец
  • За премаз: 1 јајце, сусам, 100 гр Битолски путер

Подготовка

1.

Во млако млеко го ставаме квасецот, наросуваме малку сол и шеќер и оставаме смесата да отстои. Во друг сад ги мешаме јајцата, шеќерот, солта и го додаваме квасецот. Потоа, додаваме брашно и замесуваме, па го оставаме тестото 30 минути на топло место за да нарасне. Нараснатото тесто го делиме на три дела. Секој дел посебно го сукаме во круг со пречник 45 см. Со нож сечеме 12 делови (триаголници) или 16 доколку сакаме помали кифлички.

2.

Растопуваме Битолски путер (100 гр) и со помош на четкичка го премачкуваме секој триаголник, а потоа ги завиткуваме кифличките (по желба тука може да додадеме и сирење доколку сакаме во кифличките да имаме и сирење). Во плехот каде што ќе ги печеме кифличките ставаме хартија за печење. Ги редиме кифлите и ги оставаме да отстојат на топло место уште 30 минути. Кифличките ги премачкуваме со изматеното јајце и на крај попрскуваме со сусам.

3.

На крај, на секоја кифличка ставаме мало парче Битолски путер. Ги печеме кифличките во загреана рерна на 200°C околу 18-20 минути.

Датум на објавување 14.12.2017.

Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal