Историјат

istorijat

1952

Денешната индустрија за млеко, млечни производи и сокови, Млекара АД Битола, своите корени ги влече од далечната 1952 година, кога од повеќе трговски претпријатија е формирано Млекарско претпријатие „Млекар“ Битола со што е формирана првата млекарница во Македонија. Нејзиниот дневен капацитет тогаш изнесувал 10.000 литри.

1963

Направена е реконструкција на млекарницата, со можност да преработува 20.000 литри млеко на ден.

1970

Mлекарницата се присоединува кон Земјоделско индустрискиот комбинат „Пелагонија“ Битола.

1984

Во декември 1984  година, млекарницата се вселува во целосно нови објекти лоцирани на патот за село  Долно  Оризари и одтогаш  до денес успешно работи и делува на оваа локација.

1990

Во текот на септември, млекарницата повторно се издвојува од Земјоделско индустрискиот комбинат „Пелагонија“ Битола, при што во текот на 1990-1991 година започнува приватизацијата на капиталот.

1996

Приватизацијата на капиталот завршува во целост до крајот на 1996 година. Моментално млекарницата е  целосно приватизирана со 100% приватен капитал.

2006

Пуштена е во употреба современа сирењара, во која се произведуваат разни видови на сирење и кашкавал со врвен квалитет, кој е резултат на успешното имплементирање на македонската традиција во модерната технологија.

2007

Од крајот на 2007 година Млекара АД Битола станува дел од системот на Млекарската индустрија Danube Foods Group односно дел од Salford инвестицискиот фонд. Инвестицијата од 38 милиони Евра на оваа групација беше резултат на големите производни потенцијали на Млекара АД Битола, добриот имиџ и изградената доверба кај македонските потрошувачи.

2015

Во почетокот на 2015 година Danube Foods Group e превземена од страна на приватниот инвестициски фонд „Mid Europa Partners“. Со ова превземање, Danube Foods Group се преименува во “Moi brendovi d.o.o”, a ги опфаќа компаниите Бамби-Банат, Млекара Суботица, Књаз Милош и млекарницата Имлек која е сопственик на неколку млекарници во регионот и тоа: Новосадска млекара во Србија, Имлек Бока во Црна Гора, Млекара АД и Млијекопродукт од Босна и Херцеговина и Млекара АД Битола во Македонија.