Политика за квалитет

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ, БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА, ЖИВОТНА СРЕДИНА И ЗДРАВЈЕ И БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА

Со желба да ја задржи лидерската позиција во однос на квалитетот и асортиманот во областа на преработката на млеко, производството на млечни производи и природни овошни сокови, МЛЕКАРА А.Д. Битола се обврзува за постојано унапредување на ефикасноста на Системите за управување согласно стандардите ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и OHSAS 18001:2007, притоа водејќи сметка за контекстот на организацијата, како и за нејзиниот стратешки правец.

Истовремено, континуирано развива добра производна и хигиенска практика, како и Систем за управување со безбедна храна согласно ISO 22000:2005 и BRC.

Најважни принципи за остварување на оваа Политика се:

1. Во целост ги исполнуваме барањата и очекувањата на сите заинтересирани страни, и со постојано подобрување на квалитетот на нашите производи и услуги настојуваме да ја оправдаме довербата и да го зголемиме нивното задоволство.
2. Се залагаме за здрава животна средина и спречување на загадувањето на околината, спречување повреди на работните места и опасностите по здравјето како на вработените, така и на сите присутни во работната средина.
3. Ги почитуваме сите релевантни законски и други барања што се применливи во нашето работење и нашата локација.
4. Врз основа на идентификација, анализа на ризиците и воспоставениот систем за управување со процесите, како и со ризиците и можностите, систематски ги контролираме потенцијалните опасности што можат да ја загрозат безбедноста на суровините, адитивите, амбалажата, производите, услугите, како и работната околина и животната средина.
5. Континуирано работиме на унапредување на знаењето, свесноста и компетентноста на вработените за ефикасна работа и за значењето, одговорноста и улогата на нивните активности врз квалитетот и безбедноста на нашите производи, како и свеста за здрава и безбедна работна и животна средина.
6. Работиме на развој на млекопроизводството преку воведување современи техники и технологии, изградба на нови фарми, едукација на фармерите за да се обезбедат доволни количини сурово млеко со квалитет што ги задоволува највисоките светски стандарди.
7. Одржуваме коректни партнерски односи со нашите добавувачи на производи и услуги, со позитивно влијание врз нивниот развој и евалуација на нивните перформанси заради квалитетно и навремено обезбедување суровина, опрема и услуга, а притоа водејќи грижа за животната средина, како и за здравјето и безбедноста при работа.
8. Со помош на воспоставените методи за мониторинг и мерење на перформансите на процесите и нивното влијание врз животната и работната средина вршиме валидација и унапредување на ефикасноста и ефективноста на процесите во системите.
9. Работните задачи што го поддржуваат системот за управување ги исполнуваме со најмали можни трошоци и минимално негативно влијание врз животната средина.
10. Соработуваме со сите заинтересирани страни заради позитивен ефективен придонес за унапредување на животната и работната средина.
11. Политиката и целите транспарентно им ја соопштуваме и им ја објаснуваме на вработените, купувачите, како и на сите други заинтересирани страни.

Оваа Политика претставува рамка за воспоставување и за ревидирање на целите, а Раководството на МЛЕКАРА А.Д. има целосна одговорност за обезбедување соодветни ресурси и за следење на нивното спроведување.

Генерален Директор
Далибор Вукобрат