Бимилк производи

Млечните производи на Бимилк се синоним за децениски квалитет и разновидна понуда. Нашиот асортиман се состои од повеќе од 80 млечни производи – од млеко, јогурт, павлака, грчки јогурт, овошни јогурти до млечни напитоци со кафе. Дознајте зошто производите на Бимилк се најдобредојдените гости во вашиот фрижидер и запознајте се со нашиот асортиман.

Истакнати производи на БИМИЛК што ги сакате

Производите на Бимилк ќе ги воодушеват сите членови на вашето домаќинство и ќе ја збогатат трпезата со најквалитетна храна. Погледнете кои млечни производи ги има во нашата понуда.

Производите под брендот Битолско се дел од секој оброк и секоја семејна трпеза! Од јогурт, со кој започнува денот, до млеко, во кое уживаат најмладите, но и постарите. Погледнете што вклучува портфолиото Битолско и запознајте ги производите со неодолив вкус!

Производите од портфолиото на Баланс+ го регулираат варењето, позитивно делуваат на телесната маса и телесните масти, а воедно се и ваш придружник во борбата за посилен имунитет. Запознајте ги нутритивните вредности и придобивките на производите од портфолиото на Баланс+.
Производите од портфолиото Моја Кравица се дел од сечие секојдневие! Од чоколадно млеко со кое им започнува денот на најмладите, до неодоливи млечни десерти на кои никој не може да остане рамнодушен. Погледнете што вклучува портфолиото на Моја Кравица.

Грекос грчки јогурт и сирење

Започнете го денот со Грекос овошни јогурти со полн вкус, направете цазики со нашиот Грекос грчки јогурт или највкусната грчка салата со Грекос полномасно меко сирење. Уживајте во вкусовите на Медитеранот со портфолиото на Грекос.

Нашето протеинско портфолио е наменето за оние кои бараат вкусни и хранливи опции, а во исто време се грижат за своето здравје и кондиција. Погледнете го изборот на протеински производи и одберете го идеалниот оброк пред и после тренинг.

Секој флерт и љубовна приказна започнуваат со добро кафе. Погледнете го изборот од асортиманот на Flert и оставете ги нашите вкусови да ве заведат!
Jogood стана синоним за овошни јогурти со кои започнува денот, поминува училишниот распуст и завршува тренингот! Погледнете го актуелниот избор на неодоливи овошни вкусови!

Од сендвич за појадок, пица за филмска вечер, до празнични солени колачи и салати – нашето Иришко сирење е незаменлива состојка! Запознајте го нашето неодоливо Иришко сирење и неговите нутритивни вредности.

Постојано го прошируваме и збогатуваме асортиманот со нови вкусови. Откријте ги другите производи од портфолиото на Бимилк!
Освежителниот Бимилк ајран, неодоливиот Пекарски јогурт, Professional млеко, Jungle Energy кафе .. Погледнете го детално целото портфолио.

Што ги издвојува производите на Бимилк?

Највисоки стандарди за квалитет

Нашите производи содржат млеко со највисок квалитет. Нудиме млечни производи кои ги задоволуваат европските стандарди и критериуми за квалитет.

Долга традиција

Компанијата Бимилк може да се пофали со традиција долга повеќе од седум децении. Широкиот асортиман на најквалитетни млечни производи го должиме на стручниот кадар, современата технологија и постојаното унапредување на производството.

Бројни награди и признанија

Бројните инвестиции и стручноста на нашите вработени доведоа до највисоко ниво на квалитет на производите. Производите на Бимилк се добитници на бројни награди и признанија за квалитет во рамките на различни манифестации и независни анализи на производите на пазарот.

Млечни производи за сечиј вкус

Производите на Бимилк се составен дел од секојдневието на различни генерации луѓе, професии и навики во исхраната.

Најмладите со нетрпение го очекуваат утрото и појадокот, со нашето млеко и насмеаното Битолско чупе на пакувањето. Утрото ќе започне добро и за возрасните кои брзаат на работа, со практично спакувано и вкусно еспресо, макијато или капучино од нашата понуда.

Рецептите на најискусните домаќинки мора да содржат павлака за готвење, а состојките на највкусните сендвичи се нашето крем сирење, кајмак и путер. Секако, нема да ги заборавиме павлаката и киселото млеко, кои одлично одат со готвените јадења и традиционалните специјалитети. А тука се и нашите овошни јогурти за сечиј вкус.

Секогаш го ставаме здравјето на прво место, па затоа постои нашата Баланс+ линија за сите кои сакаат да обезбедат балансиран оброк со јогурт кој придонесува за подобро варење и дигестивен систем.

За оние кои имаат проблеми со толеранцијата на лактоза, тука е нашето млеко без лактоза, а имаме и палета на органски млечни производи.

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.