Битолски јогурт – Секогаш во кругот на семејството

Битолски јогурт е присутен на вашите семејни трпези речиси седум децении! Има освежителен, благ вкус со кремаста текстура. Со овој јогурт растеа генерации, а со нив растеше и Битолското чупе, носејќи иновации инспирирани од потребите на целото семејство.

bitolski-jogurt-landing

Битолски јогурт за целото семејство

Со текот на годините, ја направивме понудата на јогурт побогата, а пакувањето помодерно, задржувајќи го она што најмногу го сакате: традиционалниот домашен рецепт и полниот вкус на јогурт.

Денес, јогуртите под брендот Битолско се погодни за целото семејство, ги задоволуваат сите потреби и различни режими на исхрана. Брендот Битолско се гордее и со посебните линии, како што е: Битолски густ јогурт за љубителите на кремасти млечни задоволства и Битолски light јогурт со помала масленост.

Битолски јогурт: вкус за кој сите се сложуваат

Кремаст и фин, Битолски јогурт е редовен гостин на вашите семејни трпези, каде често наоѓате други, ваши омилени млечни Бимилк производи. Ги разубавува и збогатува вашите омилени оброци, претворајќи ги во вистински задоволства.

100g Битолски јогурт ги содржи следните нутритивни вредности:

Млечни масти Протеини Јаглехидрати Енергетска вредност
2,8% 3,1g 4,2g 227kJ / 54 kcal

Битолски јогурт со 2,8% млечни масти

Битолски јогурт се карактеризира со добро познатиот, благ вкус, текстура со средна густина и 2,8% млечни масти. И сето тоа во модерно пакување.

Битолски густ јогурт со кремаста текстура

Густиот јогурт е член на семејството Битолско и има многу обожаватели! Погуста структура и неодоливо кремасто задоволство! Затоа густиот јогурт е задолжителен дел од многу оброци.

100g Битолски light јогурт ги содржи следните нутритивни вредности:

Млечни масти Протеини Јаглехидрати Енергетска вредност
1% 3,1g 4,2g 160kJ / 38,2 kcal

Пакување прилагодено на сечии потреби

Од јогурт во чаша до семејно пакување од 1,45 кг

Битолски јогурт во чаша најдобро одговара со пекарски производи или брз појадок за едно лице, додека поголемите пакувања јогурт се идеални за раскошен семеен појадок или лесни вечери со пријателите.
Битолски јогурт во различни пакувања, за секоја ситуација! Изберете го вашиот омилен вкус и уживајте.

Битолски јогурт - повеќе од пијалок

Од традиционален појадок, направен од сецкани сувомеснати производи и наши млечни производи, до палента и јајца на 100 начини, па сè до модерна и здрава каша со овес – одлично оди со се! Некои го сакаат и со слатки задоволства, палачинки, штрудли, како и слатки колачи.

Но, тој е повеќе од пијалок. Го користиме и во рецепти, па го додаваме во сочна проја, гибаница, но и манџи, супи, мафини и колачи.

Вашите фотографии најдобро кажуваат како Битолски јогурт е сигурен и универзален пијалок во вашата кујна.

Споделете ги вашите моменти со Битолски јогурт нас! Следете нѐ на нашите Фејсбук и Инстаграм профили.

Имате прашања за Битолски јогурт?

Во Бимилк, јогуртот се прави исклучиво од свежо домашно млеко. Се добива со ферментација, кога бактериите ја претвораат лактозата (природен млечен шеќер во млекото) во млечна киселина. Млечната киселина го прави млекото покисело, што ја намалува PH вредноста на пијалокот. Како резултат на тоа, протеините се згуснуваат, давајќи му на јогуртот покремаста текстура, во споредба со течноста во млекото. За киселиот вкус на јогуртот е одговорна и ферментацијата. Ферментацијата на млекото вклучува употреба на добри бактерии (пробиотици), кои имаат корисен ефект врз дигестивниот систем. Затоа во секојдневната исхрана се препорачува јогурт, за да се регулира варењето.
Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.