Битолска павлака – Омилена со секој оброк

Битолска павлака се користи за готвење, како прилог и намаз. Често се користи за подготовка на салати, може да се додаде во богати супи, а со задоволство се мачка на сендвичи. Овој незаменлив гарнир од млечни производи додава освежителен, киселкаст вкус и повкусна текстура на секој оброк. Битолска павлака омилена со секој оброк!

Битолска кисела павлака: калории и нутритивен состав во 100g производ

Млечни масти Протеини Јагленихидрати Енергетска вредност
20g 2,9g 3,7g 863kj / 206kcal

Битолска павлака 20% мм: состав и нутритивни вредности во 100g

Битолска екстра кисела павлака 12% мм: иста павлака, помалку млечни масти

Покиселкаст вкус, со помалку масна текстура – Битолска екстра кисела павлака со 12% млечни масти доаѓа во пакување од 180g и ќе послужи како одлична алтернатива доколку сакате да го намалите внесот на калории и да консумирате помалку масни, но подеднакво вкусни оброци!

Битолска екстра кисела павлака: калории и нутритивен состав во 100g производр

Млечни масти Протеини Јагленихидрати Енергетска вредност
12g 2,5g 3,5g 546kj / 132kcal

Практични пакувања на павлака за сечии потреби

Отворете Битолска павлака 180g со утринскиот омлет или збогатете го омилениот сендвич со кремаст слој, користејќи ja како намаз. Со пакувањето од 400g, можете да направите неодолив сос за начос, или да додадете идеална доза киселост во јадења како спанаќ итн. Доколку подготвувате поголема гозба и готвите за семејството и пријателите, пакувањето од 700g е идеален избор. Прилагодете ја количината на вашите потреби и создадете вкусни јадења со Битолска кисела павлака.

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.