Без додаден
шеќер

Имлек протеин шејкот не содржи додаден шеќер, тоа го прави идеален
дел во секој план на исхрана, посебно доколку водите сметка за
внесувањето на јаглехидрати.

Без лактоза

Поради максималното искористување на 30g протеини
кои ги содржи, Имлек протеин шејкот не содржи лактоза, па
со тоа ја олеснува синтезата на протеини во нашиот организам.

Значењето на протеинот
во исхраната

Протеините се есенцијални елементи во вид на големи молекули кои се неопходни за клетките во организмот - како
за раст, така и за нивна регенерација, но и за добрата структура и правилното функционирање на сите живи клетки во организмот.
Во последниве години, протеините се сè почесто во центарот на нутрицистичките планови за исхарана, како за рекреативците,
така и за спортистите. Нашето тело користи протеини за градење и регенерирање на ткивата, а за разлика од мастите и јаглехидратите, телото
не ги чува резервите на протеини, па нема залихи кои може да ги користи во случај кога има дополнителна потреба
од нив. Токму затоа е важен оптималниот дневен внес на протеини.

Протеините и
физичката активност

Протеините припаѓаат во групата на макроелементи, што значи дека на телото му е потребен нивниот редовен и
релативно голем внес – што е особено важно кога се занимаваме со некаков вид физичка активност.
Кога ги изложуваме мускулите на напор, тогаш доаѓа до израз нивната конструктивна улога, што значи
дека протеините ни помагаат за побрзо и полесно да си ја вратиме силата и да ги нахраниме мускулите.
При вежбање, кај мускулите се јавува микро оштетување ( “воспаление на мускули” ), а при мирување
мускулите се регенерираат. За да биде нивната регенерација поефективна – телото ги користи протеините.

Зошто токму
30g протеини?

Многу спортисти и рекреативци сметаат дека со поголемото внесување на протеини, нивните мускули повеќе растат и се развиваат. Оптималната количина која телото може да ја апсорбира во една консумација е 30g, така што вишокот протеини нема да се искористи. Затоа е добро да се води сметка за оптималната доза на протеини која ни е вистински потребна, за да оствариме подобар и поздрав ефект во нашиот организам.

Протеини од
млечни извори

Млечниот протеин се апсорбира бавно, што на мускулите им обезбедува константно снабдување
со амино-киселини во подолг временски период. Поради ова, Имлек
протеин шејкот е идеален извор на протеини меѓу оброците или после тренинг.