00 / 00
|

3.000 литри Битолскo млеко за децата во СОС Детско село

Датум на објавување 01.06.2016.

Бимилк го одбележа 1 јуни, Светскиот ден на млекото, со донација на 3.000 литри Битолско млеко за децата кои се под грижа на хуманитарната организација СОС Детско село Македонија.

Оваа количина млеко, коjа ги задоволува дневните потреби за млеко на 60 деца згрижени во семејствата во СОС Детско село, ќе биде испорачана во текот на една година а првата испорака е веќе направена.

Хуманиот гест е поддршка на една од најранливите општествени групи во Македонија, децата без родители и децата кои живеат во социјално загрозени семејства.

“Светскиот ден на млекото е одличен повод за да ја објавиме соработката со СОС Детско село. Како општествено одговорна компанија постојано се стремиме да го поддржиме и  разубавиме секојдневието на дечињата на кои им е секогаш потребна помош. Со нашата донација децата добиваат еден од основните продукти за здрав и правилен раст и развој, а нивните насмевки се наша радост и дополнителна мотивација.” - изјави Полескена Ристеска, маркетинг менаџер во Бимилк.

„Нашето функционирање се обезбедува благодарение на донации од пријатели и поддржувачи на СОС Детско село. Секоја донација претставува придонес кон семејниот буџет и е од голема важност за подобрување на квалитетот на живеење на децата од СОС Детско село Скопје.

Донацијата на Бимилк е добредојдена за остварување на еден многу важен и основен сегмент од исхраната на овие деца и млади луѓе, потребата од млеко и млечни производи. Доброто млеко е основа за одлично здравје на младите, тоа игра важна улога во здравиот развој и затоа сум сигурна дека со квалитетот на млекото од оваа донација на пријателите од Бимилк ќе се придонесе за подобро здравје, а со тоа и голем број среќни насмевки“ – изјави Виолета Георгиевска, Директор на СОС Детското село Скопје.

Традиционално повеќе години по ред, Бимилк како општествено одговорна компанија го одбележува Светскот ден на млекото со донации на своите производи на оние на кои им се најпотребни.

Нови рекорди поставени на традиционалниот „Ден на фармери рекордери на Бимилк“

Денес во Битола компанијата Бимилк беше домаќин на традиционалниот „Ден на фармери рекордери на Бимилк“, настан што компанијата тр...

16.05.2019.

Што ги инспирира македонските „фуд-блогери“?

Кога готвењето станува секојдневие, често му недостасува предизвик. Иако на интернет секојдневно среќаваме голем број рецепти, чес...

10.05.2019.

Како да бидете сигурни дека консумирате квалитетни млечни производи?

Рокот на траење може да биде доведен во прашање со само еден погрешен чекор!

07.05.2019.

Стопанска комора во работна посета на Млекара АД Битола

Ѓорѓи Петрушев и Бранко Азески со заеднички став за унапредување на соработката и агрокомплексот.

04.04.2019.

Бимилк објави прва збирка рецепти со Битолска павлака

Многубројни брзи и лесни оброци подготвени со Битолска павлака

25.04.2019.
00 / 00
|
Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal