00 / 00
|

5 причини зошто јогуртот е идеално летно друштво

Датум на објавување 08.08.2017.

Млечните производи, а особено јогуртот, се незаменливо друштво во топлите летни денови. Тој не само што вистински нè освежува, туку ни ја дава и потребната енергија да функционираме и да се чувствуваме пријатно за време на високите летни температури.

Но, сте се запрашале ли зошто е тоа така? Ви ги издвојуваме најважните 5 причини зошто јогуртот е најдобро друштво токму во летниот период:

Освежува – Првенствено, се разбира дека најважната и основна причина е токму тоа што јогуртот нè освежува. Послужен на вистинската, идеална температура, тој го разладува целиот организам, исто како и овошјето. Но, истовремено, кога силното сонце нè прави да се чувствуваме омалаксано и уморно, јогуртот инстантно ќе ни ја даде потребната енергија и може да претставува одлична замена за лесен оброк.

Помага во борбата со вишокот килограми – Не е тајна дека во летната сезона особено внимаваме на исхраната. Присуството на калциум во јогуртот го спречува создавањето кортизол во организмот, а овој хормон, исто наречен и „хормон на стресот“, влијае врз зголемувањето на крвниот притисок и на шеќерот во крвта. Неизбалансирана количина кортизол доведува до покачување на тежината и зголемена анксиозност, па дневен внес од половина литар Битолски јогурт е доволно за да се му се спротивставиме на проблемот. Тој особено помага во согорувањето на масните наслаги и во исфрлањето на вишокот сол од организмот, а со своите карактеристики позитивно влијае врз линијата и врз крвниот притисок.

Здравствени бенефити – Зошто е важно да сме здрави токму во лето? Одговорот е едноставен: подобар имун систем ни помага полесно да ги издржиме високите летни температури што знаат да достигнат и до 40 степени. Битолскиот јогурт помага при варењето на храната, исто така за полесна апсорпција на нутритивните вредности од другата храна што ја внесуваме, понатаму во лекување на стомачните инфекции и, секако – за подобрување на имунитетот.

Одлична комбинација со секаков вид храна – Со овошје или салати, или, пак, како додаток на некое јадење – јогуртот претставува идеално решение за разладување и за освежување во топлите летни денови. Тој лесно се комбинира со секаква храна, а она што е особено важно е дека како лесна, летна и свежа комбинација, тој ќе ви биде незаменливо друштво на високите температури. Дополнително, како природен извор на калциум, минерали и витамини, Битолскиот јогурт се препорачува во секојдневната исхрана кај сите возрасти, во секое време и со секоја храна.

Секогаш во кругот на семејството – Во летниот период, особено за време на одморите, сакаме да бидеме во кругот на најблиските. Веќе е добро познато дека токму Битолскиот јогурт е секогаш во кругот на семејството. Тој ги негува семејните вредности, традицијата на семејната трпеза и нè обединува за време на оброците. А кога е тоа најважно ако не за време на летото? Затоа, соберете го вашето семејство и вашите блиски на следниот летен семеен ручек, и заедно уживајте во заедничките моменти и во богатата трпеза на која задолжително друштво ви прави незаменливиот Битолски јогурт.

Битолски со 10 витамини - прв јогурт со збогатен состав за поздраво детство

Новиот јогурт е проширување на портфолиото Битолско со 10 витамини, со цел да се понудат производи што се хранлива поддршка на сек...

20.02.2020.

Зошто ни е неопходен калциумот и која е улогата на Д3 витаминот?

Калциумот е важен за здрави и цврсти коски. Тоа е нешто што речиси секој од нас го знае како факт.

11.02.2020.

Пет причини зошто треба да кажеме ДА за свежото млеко

Во светот сѐ повеќе расте бројот на поддржувачите на свежото млеко кои што тврдат дека бројни се придобивките од консумирањето во...

04.02.2020.

Дали свежото млеко треба да се вари?

Свежото млеко е најдобриот избор за здрав хранлив пијалак што изобилува со нутритивни состојки.

28.01.2020.

Како да ги препознаете знаците на остеопороза и како влијае консумацијата на Д3 витамин?

Зголемената физичка активност, помало консумирање алкохол и цигари и соодветна исхрана каде има зголемен степен на калциум се од г...

24.01.2020.
00 / 00
|
Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal