00 / 00
|

Бимилк го одбележа Светскиот ден на детето со едукативна работилница во СОС Детско село

Датум на објавување 20.11.2017.

Денес, 20.11.2017, Битолска млекара го одбележа Светскиот ден на детето и истовремено го означи стартот на едукативните работилници во рамки на проектот „Собираме и ре-креираме со Бимилк“, кои во следниов период ќе се одржуваат во повеќе од 60 градинки ширум државава.

Со омилениот лик на Битолското Чупе и аниматори облечени во костими на витамини, децата од СОС Детско село Македонија, имаа можност да учествуваат на првата работилница за зачувување на животната средина и со тоа да се стекнат со навики за грижа за природата уште од најрана возраст.

Преку интересна едукативна програма, тие учеа како од празните амбалажи од Битолското млеко можат да изработуваат разни корисни предмети што може да имаат секојдневна употреба, со цел да ја научат важноста за рециклирање, но и важноста од стекнување здрави навики и консумирање млеко и млечни производи уште од нивното рано детство.

„Со цел да го покажеме нашиот искрен придонес кон заедницата и децата, Бимилк години наназад го одбележува Светскиот ден на детето преку повеќе донации и активности, трудејќи се на различни начини да им го разубави денот на најмалите. Оваа година се одлучивме тоа да го сториме заедно со нашиот долгогодишен партнер СОС Детското село Македонија, со цел да и на овие дечиња им пружиме едно поинакво секојдневие, но истовремено и да направиме спој со големиот проект ‘Собираме и ре-креираме’ бидејќи истиот е наменет токму за децата кои денес во целиот свет се прославуваат“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

Проектот „Собираме и ре-креираме со Бимилк“, инаку, има за цел да ја поттикне и хуманоста кај децата бидејќи предметите што ти ги изработуваат ќе бидат изложени на голем хуманитарен базар, а средствата ќе бидат донирани токму за СОС Детското село Македонија.

„Навистина нѐ радува фактот што Бимилк не заборава да нѐ посети за сите важни датуми и чест ни е што Светскиот ден на детето оваа година го одбележуваме со пријателите од оваа компанија. Децата се навистина возбудени што имаа можност да учат и да се дружат со Битолското Чупе, а ние сме уште посреќни кога ги гледаме насмевките на нивните лица“, рече Александра Ивановски, директор на програми на СОС Детско село Скопје.

Веќе традиционално, Бимилк го одбележува Светскиот ден на детето на хуманитарен начин и на повеќе различни начини дава поддршка кон СОС Детското село Македонија.

Бимилк советува: Купувајте млечни производи чувани на соодветна температура

Пазарувањето за дома е секојдневна рутина што секој од нас (кој повеќе, кој помалку) ја прави со уживање. Во маалските продавници,...

15.05.2018.

Со една чаша Balans+ секој ден – здравје и енергија во текот на целата година

Здравите навики се обврска за секој од нас во секоја сезона, особено во денешниот, динамичен начин на живеење. Брзите секојдневија...

09.05.2018.

Несебични дела на добрина ширум Македонија – стотици хумани граѓани забележани како делат млеко

Изминативе неколку дена низ улиците, парковите, маркетите и практично на секакви локации во сите градови низ државата, беа забележ...

27.04.2018.

И градинките во Битола добија прочистувачи за воздух преку иницијативата покрената од Бимилк

Компаниите „Бимилк“, „Кромберг и Шуберт“ и „Синпекс“ ѝ донираа прочистувачи за воздух на Општина Битола, наменети за градските гра...

25.01.2018.

Голема донација за СОС Детското село во рамки на проектот „Собираме и ре-креираме со Бимилк“

Се одржа големиот предновогодишен хуманитарен базар на рециклирани предмети изработени од децата за децата ширум Македонија

24.12.2017.
00 / 00
|
Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal