Бимилк им посака среќен и успешен почеток на учебната година на децата во социјален ризик

Содржината

Традицијата на подарување мали изненадувања со кои на учениците ќе им се посака успешен почеток на учебната година, Бимилк ја продолжи и оваа година, но овој пат беа опфатени деца кои доаѓаат од семејства во социјален ризик и деца кои ја загубиле, или се изложени на ризик да ја загубат родителската грижа.

Како и минатите години, Бимилк ги изненади децата со омиленото чоколадно млеко „Моја Кравица“ за „сладок“ почеток на училишната година, но овој пат и со училишни ранци како симболична солидарна помош, а во акцијата оваа година не беа вклучени само првачиња, туку повеќе од 500 ученици од основно училиште кои се од социјално-ранливите категории.

„Како компанија континуирано им помагаме и даваме поддршка на граѓанските хуманитарни организации во земјава, па така, со оваа наша акција одлучивме традицијата за сладок почеток на училишната година, да ја продолжиме кон учениците кои доаѓаат од семејства во социјален ризик. Во исто време, сакаме да ги охрабриме да продолжат храбро и решително по патот на својата образовна надградба. Се надеваме дека со ова мало внимание ќе успееме да ги разубавиме нивните училишни денови. Дополнително, сакаме да им дадеме поддршка на пожртвуваните едукатори и згрижувачи во организациите, кои им помагаат на овие деца да се справат со секојдневните предизвици“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

Во оваа акција беа вклучени децата под грижа на повеќе граѓански организации, односно Дневен центар за деца на улица Шуто Оризари, СОС Детско село, Центар за интеграција „Амбрела“, Центар за образовна поддршка „Дендо вас“, Центар за социјална интеграција „Надеж“ и Здружение за развој на ромската заедница во Република Македонија „СУМНАЛ“.

„Бимилк со оваа донација ги израдува децата и им испрати една убава порака и мотив да продолжат со своето образование. Се надеваме дека со ова ќе ги мотивираат и другите компании да покажат општествена одговорност кон едукативните центри како нашиот, кои им помагаат на децата да останат во образовниот процес. Нашата желба е бизнис секторот да ја увиди важноста за обезбедување еднаков пристап до образование и заедно со едукативните центри да им овозможи директна помош на децата кои имаат потреба од тоа“, изјави Катерина Смилева, ПР координатор на Ц.С.И. „Надеж“.

Инаку, оваа акција за сладок почеток на учебната година со „Моја Кравица“ е започната во 2017 година кога компанијата посетуваше повеќе основни училишта низ земјата, а од Бимилк велат дека „слатката“ традиција за првачињата, и учениците воопшто, ќе продолжи и понатаму.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.