00 / 00
|

Бимилк отвори уште една Balans+ Зона!

Датум на објавување 14.09.2018.

Битола, 14 септември 2018 г. ‒ По отворањето на првата Balans+ Зона во Општина Карпош во Скопје, Бимилк денес отвори уште едно спортско-рекреативно катче, овој пат во матичниот град на компанијата – Битола.

 

Како локација за новата Balans+ Зона е одбрано спортско-рекреативното катче Тумбе Кафе, кое е едно од најпознатите места за спорт и рекреација на битолчани. Всушност, благодарение на оваа донација на Бимилк, на Тумбе Кафе се поставени повеќе справи за рекреација и одржување баланс на телото под брендот на „Balans+“, а истовремено локацијата е и комплетно репарирана.

На отворањето присуствуваа претставници на Општина Битола, како и градоначалничката на општината г-ѓа Наташа Петровска, која потенцираше дека оваа донација е од исклучителна важност, не само поради тоа што сега битолчани ќе имаат ново катче за спорт, туку и поради тоа што благодарение на Бимилк целата локација на Тумбе Кафе е целосно обновена и добива сосема нов лик.

Од Бимилк, пак, истакнаа дека отворањето на Balans+ зоните е со цел подигнување на свеста за спортот и за здравиот начин на живеење, а во согласност со пораките на брендот „Balans+“ :

„Среќни сме што Општина Битола ни дозволи да го обновиме ова место, кое за нас како битолчани е од исклучително значење за практикување здрав начин на живот. Всушност, долгорочна цел на компанијата е да допреме до што поголем број граѓани и да ги поттикнеме на спорт и рекреација, така што верувам дека граѓаните повторно ќе се вратат на Тумбе Кафе, со што како компанија уште еднаш ќе потврдиме дека еднакво се грижиме и за националниот, но и за локалниот развој и за здравјето на битолчани. Имено, преку порфолиото на ‘Balans+’ ги комуницираме придобивките од редовно консумирање здрава исхрана и постигнување внатрешен баланс во организмот, па верувам дека една ваква зона под брендот на ‘Balans+’ ќе ја пренесе пораката и за важноста од практикување спортски активности и постигнување баланс на телото“, рече Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

„Навистина ни е драго што од Бимилк вистински ја препознаваат важноста за создавање здрави навики, истовремено согледувајќи ги и реалните потреби на нашите сограѓани, особено земајќи предвид дека на Тумбе Кафе како локација навистина ѝ беше потребно освежување. Со овој несебичен гест тие обезбедуваат нова спортско-рекреативна зона за градот Битола, но придонесуваат и за квалитетот на живеење на целата наша заедница и не е прв пат компанијата да излезе во пресрет на нашиот град и битолчани“, изјави Наташа Петровска, градоначалник на Општина Битола.

А за тоа како изгледаше Тумбе Кафе пред Бимилк да започне со реконструкција на локацијата, можете да погледнете во видеото: https://www.youtube.com/watch?v=t9fyCStO-C8&feature=youtu.be

 

00 / 00
|
Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal