00 / 00
|

Битолска млекара со нова финансиска помош за Министерството за здравство

Датум на објавување 30.04.2020.

Битолска млекара повторно излезе пресрет на Министерството за здравство и обезбеди финансиска помош за сервисирање и репарација на апаратите за респираторна нега кои се користат на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Ист тип донација за Клиниката на која се лекуваат најголем број пациенти заболени од вирусот Ковид-19, млекарата обезбеди и претходно, на почетокот на овој месец.

Многу е важно медицинската опрема со која веќе располагаме како држава да биде во исправна состојба и во нормална функција. Токму затоа, согласно потребите на Министерството за здравство, се одлучивме повторно за ваков вид донација, за да може персоналот на Клиниката, кој секојдневно се бори за спасување човечки животи, да има опрема со која ќе продолжи со непречено пружање соодветна медицинска нега. Искрено се надеваме дека со ова ќе помогнеме да се спасат што повеќе заболени пациенти кои се лекуваат на Инфективната клиника“, велат од Бимилк.

Млекара Битола претходно донираше финансиски средства и за Клиничката болница Битола за набавка на два пациент монитори кои беа неопходни за болницата во која, исто така, се лекува значителен број пациенти заболени од Ковид-19.

Компанијата, исто така, обезбеди и помош во производи за најранливите групи граѓани, доставена преку Црвениот Крст Битола. За граѓаните од регионите на Дебар и Центар Жупа, во најкритичните моменти кога беа во целосна изолација, беше испратена донација од 3 илјади литри јогурт.

Битолска млекара беше и меѓу првите која одговори на апелот на Министерството за финансии и изврши предвремено плаќање на вкупните аконтативни обврски за данок на добивка за тековната 2020 година во висина од 15 милиони денари, со цел да помогне за ликвидноста на државниот буџет и за реализација на мерките кои ги спроведува државата за ублажување на последиците од пандемијата со Ковид-19.

Битолско чоколадно млеко со 10 витамини: Прво чоколадно млеко за сите возрасти

Битолско чоколадно млеко со 10 витамини е новиот вкусен, здрав и хранлив чоколаден млечен производ од Битолска млекара. Првото чок...

22.07.2020.

Есенцијални состојки за здрав раст на децата

Дури и мали деца знаат дека млекото нè прави силни и здрави. Млекото и млечните производи ни обезбедуваат приближно 75% од калциум...

23.06.2020.

Битолски сладолед со 10 витамини: Млечен сладолед за сите возрасти

Битолска млекара и Цермат го лансираат првиот млечен сладолед со 10 витамини на пазарот. Новиот производ е наменет за сите возраст...

04.06.2020.

Бимилк го одбележа денот на млекото со донација во Заводот за рехабилитација на деца и младинци

По повод 1ви јуни, Светскиот ден на млекото Битолска млекара реализираше значајна донација во производи за задоволување на потреби...

01.06.2020.

Стоматолозите препорачуваат јогурт и млеко за заштита на усната празнина од патогени микроорганизми

Млекото и јогуртот имаат бројни предности за здравјето без разлика дали станува збор за млад организам што расте и се развива или...

27.05.2020.
00 / 00
|
Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal