00 / 00
|

Битолски со 10 витамини - прв јогурт со збогатен состав за поздраво детство

Датум на објавување 20.02.2020.

Битолска млекара на домашниот пазар го создаде првиот јогурт збогатен со 10 витамини. Битолски јогурт со 10 витамини е производ што е посебно корисен за децата и нивниот правилен раст и развој. Внесените витамини придонесуваат за зајакнување на имунолошкиот систем, за здрави заби, здрава коса и кожа, подобар вид и цврсти коски.

“Родителите постојано бараат најдобри начини да ги поддржат своите малечки што растат. Тие постојано се во потрага по најдобриот совет, пристап до образование и квалитетна исхрана за децата. Одлуката честопати не е лесна, бидејќи има многу различни мислења и совети - што е најдобро за детето. Затоа Битолска Млекара, како компанија посветена на квалитетната исхрана на децата, кои се приоритет во стратегијата за општествена одговорност на компанијата, долго време работеше на развој на нов производ на пазарот - Битолски јогурт со 10 витамини, кој претставува проширување на портфолиото на производи на веќе добро познатото Битолско млеко со 10 витамини. Овој производ е наменет за задоволување на потребата од витамини кај сите возрасти, а е одличен избор за сите родители кои секогаш го бираат најдобро за своите најмлади”, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во Бимилк.

Родителството воопшто не е лесно. Потребно е многу одрекување, енергија и трпеливост. Среде сите овие моменти, потрагата по најдобро за детето, во секоја смисла, започнува со најдобриот избор на исхрана. Целосниот психофизички развој на детето потекнува од исхраната. Затоа овој пат со новиот јогурт се збогатува изборот на најнеопходните витамини, и истиот е направен врз основа на придобивките за здравјето и потребите за организмот. Новиот Битолски јогурт е со 2,8% млечна маст и е природен извор на калциум, а збогатениот состав со десетте витамини ги задоволува дневните потреби кај сите возрасти, но посебно е корисен за деца кои се во раст. Витаминот Д3 е посебно корисен за децата заради калцификација на коските, витаминот Е како еден моќен антиоксиданс, витаминот А за добар вид. Улогата на витамините од групата Б е повеќекратна, учествуваат во многу ензимски реакции, добри се за заштита на нервниот систем, за енергија, за здрава кожа и витаминот Б9, односно фолната киселина којашто се препорачува кај трудниците.

Производите под брендот Битолско се познати и докажани како дел од домашен бренд со најдолга традиција во млечната индустрија. Препознатливи за сите генерации, посебно со својот вкус и потврден квалитет.

Битолско чоколадно млеко со 10 витамини: Прво чоколадно млеко за сите возрасти

Битолско чоколадно млеко со 10 витамини е новиот вкусен, здрав и хранлив чоколаден млечен производ од Битолска млекара. Првото чок...

22.07.2020.

Есенцијални состојки за здрав раст на децата

Дури и мали деца знаат дека млекото нè прави силни и здрави. Млекото и млечните производи ни обезбедуваат приближно 75% од калциум...

23.06.2020.

Битолски сладолед со 10 витамини: Млечен сладолед за сите возрасти

Битолска млекара и Цермат го лансираат првиот млечен сладолед со 10 витамини на пазарот. Новиот производ е наменет за сите возраст...

04.06.2020.

Бимилк го одбележа денот на млекото со донација во Заводот за рехабилитација на деца и младинци

По повод 1ви јуни, Светскиот ден на млекото Битолска млекара реализираше значајна донација во производи за задоволување на потреби...

01.06.2020.

Стоматолозите препорачуваат јогурт и млеко за заштита на усната празнина од патогени микроорганизми

Млекото и јогуртот имаат бројни предности за здравјето без разлика дали станува збор за млад организам што расте и се развива или...

27.05.2020.
00 / 00
|
Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal