00 / 00
|

Битолското чупе Ве носи на патување!

Датум на објавување 20.01.2016.

Инспирирана од најмладите, Битолска Млекара од денес започнува со големата забавна и креативна наградна игра низ која нѐ води Битолското чупе и Битолското млеко, омиленото млеко на многу генерации.

Со секој купен сет (2Л Битолско млеко со 10 витамини) во маркетите ширум Македонија, добивате албум и дваесет сликички (или 4 пакетчиња сликички), додека пак со секое купено 1Л Битолско млеко со 10 витамини, добивате десет сликички ( или две пакетчиња сликички). Албумите се во ограничени количини и ќе бидат достапни сѐ до потрошување на количините. Албумот содржи вкупно 150 сликички, од кои само на десет од нив има слика од клуч а задната страна им е црвена.

Соберете ги 10-те сликички со клуч, залепете ги во албумот, а задниот (нелепливиот црвен дел) испратете ги за учество во наградната игра. Со испраќање на задниот дел од сликичките со клучевите, петнаесетмина од Вас можат да добијат PlayStation 4, педесетмина ќе бидат добитници на вредносни картички од 3000 денари, а најсреќното семејство ќе добие шанса да го посети Берлин и Берлинската зоолошка градина, која е најголема и најбогата во Европа.

Наградната игра е забавна поради тоа што на патот до наградите и собирањето сликички нѐ води омилената детска хероина, Битолското чупе,  а креативна затоа што собирањето сликички им овозможува креативно развивање на децата кои приоѓаат кон ова со многу страст и посветеност.

Приказната за Битолското чупе е почната одамна. Сите добро ја паметиме првата сликовница „Битолското чупе во куќата на витамините“ од едицијата ‘‘Авантурите на Битолското чупе‘‘.  Преку приказни, цртежи и песни,  Битолско чупе  им го пренесуваше своето знаење на најмалите за витамините и нивното значење. Сега пак, Битолското чупе реши да патува низ светот и заедно со витамините да ни ги пренесат сите возбудливи доживувања од патувањето, а наша задача е да ги следиме авантурите и да научиме многу нови работи. Собирајте сликички, и очекувајте вредни награди!

За повеќе информации, можете да ја посетите нашата Facebook страница, која ги содржи сите одговори на Вашите прашања во врска со наградната игра.

Есенцијални состојки за здрав раст на децата

Дури и мали деца знаат дека млекото нè прави силни и здрави. Млекото и млечните производи ни обезбедуваат приближно 75% од калциум...

23.06.2020.

Битолски сладолед со 10 витамини: Млечен сладолед за сите возрасти

Битолска млекара и Цермат го лансираат првиот млечен сладолед со 10 витамини на пазарот. Новиот производ е наменет за сите возраст...

04.06.2020.

Бимилк го одбележа денот на млекото со донација во Заводот за рехабилитација на деца и младинци

По повод 1ви јуни, Светскиот ден на млекото Битолска млекара реализираше значајна донација во производи за задоволување на потреби...

01.06.2020.

Стоматолозите препорачуваат јогурт и млеко за заштита на усната празнина од патогени микроорганизми

Млекото и јогуртот имаат бројни предности за здравјето без разлика дали станува збор за млад организам што расте и се развива или...

27.05.2020.

Совет од стоматолог: Зошто децата треба да пијат млеко и јогурт

Да се консумираат храна и напитоци богати со витамини и минерали е првиот и основен чекор што треба да се направи за зајакнување н...

13.05.2020.
00 / 00
|
Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal