00 / 00
|

Детски цртачки работилници и изненадувања од Бимилк во рамките на ИФФК „Браќа Манаки“

Датум на објавување 20.09.2019.

Во рамките на јуниор-програмата на јубилејното 40-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, компанијата Бимилк повторно приреди креативно изненадување за најмладите љубители на филмот.

Имено, од 16 до 20 септември, на црвениот тепих пред Центарот на култура во Битола, по завршувањето на филмовите од детската програма, Бимилк организираше детски цртачки работилници на тема „Нацртај го твојот омилен филмски јунак“. Во текот на работилниците, децата имаа можност да се дружат со Битолското чупе и заедно да ги нацртаат своите херои од филмското платно.

„Ремек-делата“ на младите уметници беа изложувани на пано поставено на црвениот тепих, а за нивното учество беа наградувани со Битолски јогурт и со балони, на кои беше испишана пораката „Порасни до облаците со Битолски јогурт“.

„Поддршката на културата и локалната заедница отсекогаш биле важни во нашето општествено дејствување, но задоволството е уште поголемо кога станува збор за најмладата публика на фестивалот, затоа што веруваме дека љубовта кон филмот и кон другите области од уметноста треба да се поттикнува уште од најрана возраст. Токму затоа, годинава одлучивме уживањето во филмовите од јуниор-програмата да го збогатиме со цртачки работилници, во кои децата на креативен начин, пред сè, ќе учат за седмата уметност, но и ќе ја изразат и ќе ја пренесат својата љубов кон филмот“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

„Вакви содржини ѝ недостасуваат на Битола. Потребни се повеќе настани во текот на целата година во нашиот град, во кои ќе бидат вклучени и децата“, ни изјави еден од родителите присутен на детските цртачки работилници.

Во рамките на детската програма на 40-тото издание на ИФФК „Браќа Манаки“ беа прикажани 5 филма од данска, чешка, руска, словачка и белгиска продукција, а Млекара АД Битола континуирано дава поддршка на фестивалот, и тоа најчесто токму на јуниор-програмата.

Како да ги препознаете знаците на остеопороза и како влијае консумацијата на Д3 витамин?

Зголемената физичка активност, помало консумирање алкохол и цигари и соодветна исхрана каде има зголемен степен на калциум се од г...

24.01.2020.

Оваа зима препорачуваме: Битолско свежо млеко отсега збогатено со Д3 витамин

Добро познатото Битолското свежо млеко отсега е дополнително збогатено со витамин Д3. Покрај тоа...

22.01.2020.

Бимилк организираше посета на краварска фарма за децата со оштетен слух и говор

По повод Светскиот ден на детето

20.11.2019.

И 2019 година Бимилк ја завршува како лидер во домашната млекопроизводствена индустрија

Потрошувачите знаат да препознаат квалитет и да го наградат тоа

08.01.2020.

Битолска млекара го одбележа Светскиот ден на квалитет преку организирање „отворен ден“

Верните потрошувачи на Бимилк се запознаа со производствениот процес на млекото

15.11.2019.
00 / 00
|
Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal