Функционална храна на 21 век: Што е тоа?

Содржината

Сè повеќе станува тренд или, можеби, и реална потреба да се храниме здраво и балансирано. Брзото темпо на живот како да ни наметнува и брзи оброци, но што ќе се случи доколку тие брзи оброци може истовремено да бидат и здрави и функционални?

Тоа значи дека тие ќе изобилуваат со полезни масти и хранливи материи, без притоа да го оптоваруваат нашиот организам. Добар пример за функционална храна се и пробиотските јогурти.

Повеќето од нас во фрижидер имаат јогурт што ќе го испијат затоа што уживаат во вкусот или затоа што претставува добар извор на калциум и други материи, кои имаат позитивно дејство врз нашиот организам. Она што многумина не го знаат е дека постојат јогурти што се функционални производи и содржат пробиотски култури, кои го регулираат проблемот со варењето и со надуеноста.

Пробиотските култури, олигофруктозa и инулин, содржани во функционалниот јогурт го забрзуваат работењето на цревата, а покрај тоа ја зголемуваат и апсорпцијата на витамини и минерали во вашиот организам и ги хранат добрите бактерии во цревната флора. Не треба да посегнувате по пробиотски јогурт само кога ќе настане проблем, затоа што тој има и превентивна функција во одржувањето на балансот во организмот.

Balans+ ја има потврдено својата ефикасност во воспоставувањето рамнотежа во дигестивниот систем. Клиничките истражувања спроведени во КБЦ Бежаниска коса потврдуваат дека Balans+ го регулира варењето по само 10 дена редовно користење, затоа што содржи комбинација од пробиотици и пребиотици, кои поволно влијаат врз дигестивниот тракт, го поттикнуваат варењето и метаболизмот го прават поактивен.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.