00 / 00
|

Главно јадење, десерт или едноставен сос? Една состојка во сите комбинации!

Датум на објавување 31.10.2018.

Постои една состојка што веруваме дека ни е омилена на сите, но она што е навистина интересно е тоа што таа се комбинира во сè и со сè. Станува збор за Битолската павлака што сосема заслужено ја праќа пораката „омилена со секој оброк“, бидејќи таа е одличен додаток за сите вкусови.

За неверојатно кулинарско уживање, како вистински гурмани, ви предлагаме неколку интересни комбинации на слатки, солени и превкусни оброци, надополнети со идеалната кремаста структура на Битолска павлака.

Сос со павлака и авокадо

Потребни состојки:

1 мало зрело авокадо

1 лимон

2 лажици Битолска павлака со 18% масленост

1 гранче свежо нане

црн пипер

Начин на подготовка:

1. Внимателно засечете го авокадото по должина и извадете ја семката.

2. Истиснете го авокадото од лушпата и ставете го во сад, па убаво испасирајте го со виљушка.

3. Додадете малку рендана кора од лимон, исцедете малку сок од лимон, нането исечете го на крупно и додадете го во садот.

4. На крајот ставете ја Битолската павлака и црниот пипер и сè убаво измешајте.

Овој сос е идеален како прелив за печен или свеж зеленчук, но и како намаз за неверојатно вкусен и лесен сендвич.

Риба во сос од пармезан и павлака

Некои велат дека рибата не се комбинира со млечни производи, но тоа апсолутно не е точно доколку постои баланс во намирниците. Ние предложуваме еден рецепт на ослиќ во сос од пармезан и Битолска павлака, за кој ќе се изненадите колку, всушност, е добра комбинација.

Потребни состојки:

1 кг филети ослиќ

1 пакување 180 г Битолска павлака 20%

¼ чаша рендан пармезан

½ кафена лажичка црвен пипер

½ кафена лажичка сол

¼ кафена лажичка црн пипер

2 супени лажици лебни трошки

2 супени лажици Битолски путер

Начин на подготовка:

1. Садот за печење убаво премачкајте го со масло и распоредете ги филетите.

2. Помешајте ги зачините со Битолската павлака и распоредете ја мешавината рамномерно над филетите.

3. На крајот посипете ги лебните трошки и растопениот Битолски путер.

Се пече на 350°C околу 20 до 25 минути или додека виљушката не пропадне во рибата.

Банана торта со кисела павлака

Потребни состојки:

5 големи и зрели банани

140 г шеќер

4 јајца

2 лажички екстракт од ванила

250 г Битолска павлака 20%

350 г брашно

1 лажичка хемиски квасец

1 лажичка сода бикарбона

1/2 лажичка сол

3 кафени лажички цимет

1 и 1/2 кафени лажички мелен ѓумбир

1/4 лажичка морско оревче

35 г сечкани лешници

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180°C, а садот за печење обложете го со хартија за печење.

2. Соединете ги брашното, квасецот и содата.

3. Во длабок сад, згмечете 3 претходно исечкани банани, додадете ги шеќерот, јајцата, ванилата, Битолската павлака и солта. Мешајте сè додека не добиете хомогена смеса.

4. Потоа, додадете ја смесата со брашното, квасецот и содата и повторно мешајте додека не се соединат сите состојки.

5. Истурете ја смесата во садот за печење и убаво распоредете ја.

6. Двете преостанати банани пресечете ги надолж во три дела и наредете ги над смесата во садот за печење, а врз сето тоа додадете ги сечканите лешници.

Се пече 60-ина минути.

Откако тортата со банана ќе биде испечена, ја оставаме 10 минути да се олади и врз неа попрскуваме чоколаден прелив или прелив од карамел, по вкус.

Веруваме дека со овие три рецепти ќе ви дадеме супер идеја за едноставни но вкусни рецепти со кои вистински ќе го изненадите целото семејство или, пак, пријателите. И на крајот, не заборавајте дека идеалната кремаста структура на Битолската павлака го збогатува вкусот на сите јадења, независно дали се тие солени или слатки. Едноставно, штом во рецептот павлаката е потребна како состојка, нема да згрешите доколку ја употребите токму Битолската, бидејќи таа е омилена со секој оброк!

 

00 / 00
|
Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal