00 / 00
|

Голем предновогодишен хуманитарен базар со Бимилк во Веро Центар

Датум на објавување 24.12.2017.

На 23 декември со почеток во 12 часот во Веро Центарот во Скопје ќе се одржи завршниот настан во рамките на големиот проект „Собираме и ре-креираме со Бимилк“, кој во изминативе 3 месеци се реализираше во повеќе градинки низ Македонија.

 

Настанот е од хуманитарен карактер и таму ќе бидат изложени предметите изработени од амбалажи Битолско млеко, кои дечињата во претходниов период ги изработуваа во своите градинки, а посетителите ќе имаат можност со нивно купување да донираат за СОС Детското село Македонија.

 

Всушност, покрај едукација за грижа за природата и создавање здрави навики преку консумација на млеко и млечни производи, токму хуманоста беше и крајната цел на овој голем проект во кој близу 2.000 деца од 8 градови низ Македонија, заедно со нивното омилено Битолско Чупе, учеа и за солидарноста кон оние што имаат помалку и како да си помагаат едни со други.

 

„Пресреќни сме што децата од сите градови што ги посетивме одлично ја прифатија оваа наша иницијатива и доколку успеавме барем до половината од нив да ја пренесеме нашата порака за негување на вистинските вредности – за нас мисијата е исполнета. Затоа, ги повикуваме сите што зедоа учество во овој проект, но и оние што сакаат да ги видат изработките на децата и да донираат за СОС Детското село, да нè посетат во сабота во Веро Центарот, да уживаат во празничната програма што ја подготвивме и заедно да ја покажеме хуманоста на дело“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

 

Инаку, за хуманитарниот базар е најавена богата предновогодишна програма во која главната улога ќе ја имаат Ивце Пивце и Битолското Чупе, меѓутоа предвидени се и многу игри, забава, претстави и награди за најмалите.

 

Токму во претпразничниот период, кога е време на подарување, споделување убави моменти и искрена солидарност кон децата, Битолска млекара и Веро ги покануваат сите заинтересирани што сакаат да ја покажат својата хуманост, да го дадат својот придонес кон СОС Детското село Македонија и да го поминат ова саботно попладне со многу забавни активности за целото семејство.

Бимилк прославува 65 години традиција, успех и квалитет

Традиција, врвен квалитет и континуиран успех – веќе 65 години Битолска млекара работи на својата цврсто вкоренета мисија да им об...

05.12.2017.

Бимилк го одбележа Светскиот ден на детето со едукативна работилница во СОС Детско село

Денес, 20.11.2017, Битолска млекара го одбележа Светскиот ден на детето и истовремено го означи стартот на едукативните работилниц...

20.11.2017.

Голем хуманитарен проект за едукација на децата: „Собираме и ре-креираме со Бимилк“

Близу 2.000 деца од 60 градинки ширум Македонија ќе учествуваат во креативни и едукативни работилници за зачувување на животната с...

11.03.2017.

Во посета на Краварска фарма „Милко ХФ"

Со традиција уште од 1952 година, Млекара АД Битола денес е најголемиот производител на млеко и млечни производи во Р. Македонија,...

02.11.2017.

Бимилк им посака сладок почеток на школувањето на првачињата ширум Македонија

Традицијата вели дека за почетокот на учебната година, првачињата добиваат нешто слатко за лесно да им оди учењето.

06.09.2017.
00 / 00
|
Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal