Голема донација на „Бимилк“ за социјално загрозените деца

Содржината

Млекара АД Битола почна голема хуманитарна акција во која донира 12.000 пакувања Битолски густ јогурт во повеќе институции и организации низ Македонија.

Со акцијата се опфатени установи и центри за згрижување деца, како што се СОС Детско село, ЈУ за грижа за деца со воспитно-социјални проблеми, Дневниот центар за деца на улица од Шуто Оризари и Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Бутел. Дополнително, со донацијата се опфатени и хуманитарната организација „Искра“ и здружението „Илинден“.

Новиот Битолски густ јогурт е вистински избор за сите што сакаат добро да се чувствуваат во текот на денот. Целосниот вкус и крем-структурата на Битолскиот густ јогурт ќе направат овој производ да стане неизоставен дел од секој ваш оброк. Битолскиот густ јогурт е идеална и мошне хранлива и квалитетна ужина во комбинација со омилената храна. Произведен е според традиционална домашна рецептура, од најквалитетно млеко.

Како општествено одговорна компанија, „Бимилк“, и покрај ваквите иницијативи кога помошта е повеќе од добредојдена, континуирано им помага и им дава поддршка на хуманитарните организации, на народните кујни, на Црвениот крст и на детските установи, за што сведочат многубројните благодарници  и признанија.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.