00 / 00
|

ГРАЃАНИТЕ ЈА ПОСЕТИЈА БИМИЛК И СЕ ЗАПОЗНАА СО НЕЈЗИНОТО РАБОТЕЊЕ

Датум на објавување 16.11.2015.

Млекарницата Бимилк во улога на домаќин ги пречека многубројните гости, граѓани и студенти кои ја искористија можноста да ја посетат компанијата и одблизу да се запознаат со нејзиното работење и начинот на производство на нејзините производи. Отворените денови се настан кој компанијата повеќепати досега го организирала со цел на непосреден начин да го доближи своето работење до потрошувачите.

За време на посетата гостите имаа можност да се запознаат со процесот на производство на Бимилк производите, да дознаат за начинот на кој се контролира квалитетот на млекото од фарма до полица, да ја посетат лабораторијата на компанијата и да прашаат за се што ги интересира во врска со работењето на млекарницата. Менаџерот за управување со интегрирани системи г-ѓа Радмила Василевска ги запозна присутните со сите стандарди во работењето кои се неопходни за добивање на производи со висок квалитет.

„Квалитетот на Бимилк производите е резултат на низа високи стандарди во работењето и користење на најсовремена технологија во производствениот процес. Оттука, нам ни претставува задоволство да ги претставиме овие услови на работење и производство пред нашите потрошувачи, пред студентите и сите заинтересирани граѓани, да им одговориме на сите нивни прашања на отворен, непосреден и транспарентен начин.“ – изјави г-ѓа Василевска.

Меѓу присутните гости имаше и група на студенти од економски факултет во Скопје кои ја искористија приликата да го продлабочат своето знаење за маркетингот распрашувајќи се за работењето на компанијата и начинот на кој се создава препознатлив бренд на пазарот. За таа цел менаџерот за маркетинг во Бимилк одговараше на многубројните прашања од студентите.

„Интересот кој го покажаа нашите посетители за работењето на компанијата укажува на свесноста на потрошувачите да ја искористат секоја прилика да дознаат повеќе за производите кои ги конзумираат како и условите во кои се врши производствениот процес. За нас тоа е особено важно и затоа ние и во иднина ќе продолжиме да го доближуваме нашето работење до потрошувачите.“ – изјави Полексена Ристеска, маркетинг менаџер во Бимилк

00 / 00
|
Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal