00 / 00
|

ИЗВЛЕЧЕНИ ДОБИТИНИЦИТЕ ОД НАГРАДНАТА ИГРА „АВАНТУРИТЕ НА БИТОЛСКОТО ЧУПЕ‘‘

Датум на објавување 25.05.2016.

Викендов донесе среќа на многумина кои учествуваа во наградната игра на Бимилк
„Авантурите на Битолското чупе“.

Денес, во Детскиот парк во Битола, Битолското чупе ги извлече сите среќни добитници
од големата наградна игра, а најсреќен од нив беше добитникот на главната награда,
Маја Мојсова Мијовска која заедно со своето семејство ќе патува во Берлин, каде ќе ја
посети светски познатата Зоолошка Градина. Добитниците на останатите награди 15
плеј стејшн и 50 ваучери во вредност од 3.000 денари ќе бидат објавени на Фејсбук
страната на Бимилк.

Големите авантури на Битолското чупе, Бимилк и Битолското млеко со 10 витамини
завршија со незаборавна забава во битолскиот детски парк, со многу изненадувања и
интересна и богата програма.

„На сите денешни добитници им честитам. Но, сметам дека добитници сме сите, а
особено нашите дечиња затоа што наградната игра беше креативен спој на корисно,
забавно и едукативно. Забавна поради тоа што на патот до наградите и собирањето
сликички нѐ води омилената детска хероина, креативна затоа што собирањето
сликички им овозможува креативно развивање на децата и корисна бидејќи децата
имаа можност да научат нешто ново. Верувам дека сите денес се забавуваме и дека
сите со нетрпение ја очекуваме новата авантура на Битолското чупе“ – изјави Игор
Ивановски, претставник од Бимилк.

Наградната игра забележа неверојатен успех и интерес, испратени беа дури 13.653
албуми со сликички. Во текот на награднатаи игра, побарувачката за албумите беше
огромна, а за тоа говори фактот што дополнително на првично планираните 30.000
албуми, се допечатија уште 25.000, со што вкупно се продадени 55.000 албуми.

Битолското чупе и Бимилк донесоа незаборавно искуство за многу деца, кои имаа
можност на оригинален и креативен начин, преку забава и учење, да уживаат во
собирање и размена на сликички, дружење и многу награди.

00 / 00
|
Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal