00 / 00
|

Како децата да ги примаат потребните витамини лесно и без одбивност

Датум на објавување 02.11.2020.

Внесувањето витамини за децата е императив посебно во зимските месеци кога на организмот му е потребно дополнително потхранување со состојки кои го засилуваат имунитетот. Витамините посебно А, од групата Б, витаминот Д, исклучително важен во овој период, како и витаминот Е покрај примарната функција во одредени процеси во организмот, своја улога имаат и во целосното јакнење на имуниот систем.

Но, за јакнење на имунитетот покрај витамините, имунолозите и педијатрите препорачуваат исхрана богата со минерали и нутриенси, со акцент на протеини и калциум, заради нивниот вкупен заеднички придонес кон отпорноста на организмот кон болести и инфекции.

Овошјето и зеленчукот како најдобар извор на витамини и минерали, не се постојано достапни, а покрај тоа треба да се консумираат во поголеми количини за да бидат задоволени потребите на организмот. Исто така, кај некои деца постои отпорност кон овошје и зеленчук, па затоа алтернатива се млеката со збогатен, витамински состав како што е Битолското млеко со 10 витамини.

“Најдобар начин за примање на потребните витамини е преку храна, производи со збогатени витамини. Со секојдневно внесување на разновидна храна се обезбедуваат потребните хранливи материи, витамини и минерали кои се неопходни за правилен раст и развој на детето. При тоа се обезбедува максимална искористливост на истите и нема опасност од преголемо внесување на одредени витамини” вели педијатар имунолог, д-р Катарина Ставриќ.

Докторите посебно го издвојуваат значењето на минералот калциум и неговата улога во зацврстувањето на коските, но, според нив потребно е да се внесуваат секојдневно и во големи количини за да се обезбеди потребната доза калциум која инаку се обезбедува и со една чаша млеко.

“Млекото е најдобар извор на калциум затоа што е во форма која лесно ја апсорбира телото, а збогатените млека со витамин Д, дополнително ги задоволуваат дневните потреби и од овој витамин. Улогата, пак, на витаминот Д е подобрување на ресорпцијата на калциумот и фосфорот од млекото и ја одржува соодветна нивната концентрација во крвта. Со тоа се обезбедува нормално окоснување на коските. Калциумот е посебно важен кај детскиот организам кој интензивно расте во првите години на живот, но и покасно особено во периодот на пубертет”, додава д-р Ставриќ.

Улогата на млекото во формирањето на младиот организам е неспорна, и затоа потребно е да се консумира континуирано. Иако децата сакаат да пијат млеко, сепак како дополнителен стимул за примање на потребните дози од витамини, калциум, протеини, фосфор, е Битолското чоколадно млеко со десет витамини, коешто ги поседува потребните хранливи состојки и го снабдува детскиот организам со тоа што му е потребно за правилен раст и развој.

00 / 00
|
Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal