00 / 00
|

Млекото и здравјето - хранливи материи кои ги зајакнуваат коските

Датум на објавување 21.09.2021.

Млечните производи се голем и најраспространет извор на калциум од каде и произлегува врската помеѓу млекото и калциумот од млекото во контекст на зајакнување на коските. Но, калциумот од млекото е ефикасен од повеќе аспекти, бидејќи се наоѓа во комбинација со други важни хранливи материи, кои помагаат во неговата апсорпција, пред се витамин Д. Освен калциум, млекото содржи калиум и фосфор, како и витамин К2, и сите овие хранливи материи играат исклучително важна улога во одржувањето на цврстината на коските.

Во нашето тело, 99% од калциумот се чува во коските и забите, така што здравјето на овие делови од телото е директно поврзано со количината на калциум што ја имаме во организмот. Калциумот не само што влијае на здравјето на коските, туку учествува и во преносот на срцевите импулси. Но, не само калциумот е одговорен за здравјето и цврстината на коските, односно 50% од волуменот на коските, како и ⅓ од вкупната коскена маса се протеини. Така, консумирањето на овој хранлив пијалак е една од основите за здрави и цврсти коски.

Освен основниот богат и хранлив состав на млекото, има млека со витамини како што е Битолско млеко со 10 витамини, збогатено со Д3 и уште 9 други неопходни витамини што го прави уште похранливо и покорисно за здрав организам.  Витаминот Д3 е важен за да го апсорбира калциумот, а доколку организмот нема дополнителен извор на калциум, го црпи од складираните количини во коските, што ја ослабува постојната коска и спречува формирање на силни, нови коски.

Покрај овие клучни функции, млекото збогатено со витамини влијае и врз одржување здрави црвени крвни клетки и нервното ткиво со помош на витаминот Б12, одржување на здрав имунолошкиот систем преку Б6, одржување на нормалниот вид и здрава кожа преку витаминот А, претворање на храната во енергија со помош на витаминот Б2. Витаминот Б5 помага за  регенерација на телото и надминување на заморот, а Б3 дава енергија и сила за сите предизвици кои ги носи денот.

00 / 00
|
Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal