00 / 00
|

Овесна каша со цимет, јаболка и безлактозно млеко – хит за студените денови

Датум на објавување 07.10.2021.

Млекото отсекогаш било неизбежен дел од исхраната на голем број семејства. Но, за луѓето со нетолеранција на лактоза, ваквите продукти не се составен дел од трпезата. Во нивниот случај, дури и една чаша млеко предизвикува дигестивно пореметување и дистрес. Поради тоа, побарувачката на производи без лактозa рапидно расте, а потрошувачите на глобално ниво стануваат сè повеќе свесни за бенефициите што ваквите продукти ги имаат врз дигестивниот систем. 

Следејќи ги светските трендови од областа на здравата и избалансирана исхрана, компанијата Бимилк, под брендот Моја Кравица пред повеќе од една година на нашиот пазар го лансираше производот Моја Кравица трајно млеко без лактоза. На овој начин, им се овозможува на сите луѓе кои досега морале да се откажуваат од млечните производи, повторно да консумираат млеко и да не пропуштаат ниту една од хранливите состојки што неговата редовна консумација им ги пружа, без последици коишто претходно би им ги предизвикале регуларните млечни производи. Освен тоа, неодамна во маркетите е присутен и Моја Кравица јогуртот без лактоза, како и иновативниот производ - Имлек Протеин, високопротеински млечен напиток без лактоза.

За разлика од порано, сега навистина постои начин да се ужива во голем дел млечни производи преку алтернативно решение. Безлактозното млеко може да се консумира свежо, но со него можат да се подготват и сите омилени рецепти што до сега создаваа подуеност кај лицата со нетолерантност на лактоза. 

Предлагаме  брз, лесен, здрав рецепт за појадок – хит за есенскиот и зимскиот период, што може да се подготви со Моја Кравица млекото без лактоза, а во исто време го подобрува функционирањето на организмот.

Овесна каша со јаболка и цимет

Состојки:

  • 90 гр овесни снегулки
  • 250 мл Моја Кравица млеко без лактоза
  • 375 мл топла вода
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 2 средни јаболка
  • ½ екстракт од ванила
  • ¼ лажичка цимет
  • 60 мл вода
  • 8 суви кајсии
  • 1 лажица суво грозје

Подготовка:

  1. Излупете ги јаболката, исечете ги на парчиња и измешајте ги со шеќер, вода, ванила и цимет.

  2. Во тава гответе ги на средна топлина, мешајќи додека не се стопи шеќерот. Кога ќе стигне смесата до вриење, намалете ја температурата и варете околу 5 минути.

  3. Во тавата додадете го сушеното овошје и варете уште 5 минути или додека јаболката не станат целосно меки.

  4. Во меѓувреме, во посебен сад, доведете ја водата до вриење и измешајте ја со млекото Моја Кравица без лактоза и снегулките. Кога сето ова ќе се доведе до вриење,  намалете го огнот и варете додека овесната каша не се згусне (околу 10-15 мин).

  5. Истурете ја кашата во чинија и покријте со смесата од јаболка и сушено овошје и на крајот посипете со кафеав шеќер.

  6. Уживајте во автентичниот вкус уште додека е топла. На здравје!

00 / 00
|
Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal