00 / 00
|

ПОВЕЌЕ ОД 4000 ДЕЦА СЕ ДРУЖЕА СО БИТОЛСКОТО ЧУПЕ

Датум на објавување 08.10.2015.

Преку приказната за битолското чупе во куќата на витамините, во текот на месец септември Бимилк организираше активности со кои се поттикнуваат здрави навики кај повеќе од 4.000 деца на претшколска возраст.

Минатиот месец, за сите деца на претшколска возраст Бимилк организираше дружење со битолското чупе кое на децата им ја раскажа приказната од сликовницата насловена „Битолското чупе во куќата на витамините“.

Ова е првата сликовница од едицијата „Авантурите на битолското чупе“ чија приказна на забавен начин ги едуцира најмладите и ги поттикнува нивните здрави навики. Главната хероина во приказните, битолското чупе во текот на месец септември посети повеќе детски градинки низ земјата, како и домот за деца без родители „11-ти октомври“ и училиштето за деца со посебни потреби „Иднина“ со цел да се дружи и да ги едуцира децата за витамините и нивното значење, преку приказни, цртежи и песнички.

Со овој проект беа опфатени повеќе од 4.000 деца на претшколска возраст од повеќе градови низ земјата кои се дружеа со битолското чупе, рецитираа песнички и ја добија сликовницата за подарок. За сите дечиња кои немаа прилика да се дружат со битолското чупе, сликовницата „Битолското чупе во куќата на витамините“ беше достапна преку Facebook страницата на Бимилк со пополнување на формуларот за бесплатна нарачка на сликовницата.

На овој начин сите заинтересирани можеа да си ја нарачаат сликовницата бесплатно, а Бимилк да им ја испорача преку пошта на домашна адреса. „Едицијата Авантурите на битолското чупе произлезе од идејата како на интересен и забавен начин да ги едуцираме децата на претшколска возраст, за здравата исхрана и здравиот и активен начин на живот.

На наше големо задоволство, сликовницата е одлично примена, добиваме позитивни реакции и од децата и од родителите, што претставува поттик плус да ја збогатиме едицијата со уште повеќе наслови во иднина.“ – изјави Полексена Ристеска, маркетинг менаџер во Бимилк На радост на најмалите, наскоро, Бимилк ќе ја претстави и втората сликовница насловена како „Битолското чупе на пат околу светот“.

00 / 00
|
Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal