Што е важно за исхраната во овој период?

Содржината

Исхраната и правилниот избор на намирници за дневното мени ја имаат најголемата одговорност во создавањето здрав организам отпорен на болести, вируси и бактерии. Со правилна и разновидна исхрана, со која се обезбедуваат сите нутритивни потреби за протеини, масти, јаглени хидрати, витамини и минерали се обезбедува здрав имунитет и силна одбрана на организмот од инфекции.

За добро функционирање на имунолошкиот одбранбен систем од голема важност е секојдневно внесување преку исхраната на важните елементи како протеини, витамини, минерали, посебно калциумот, цинк, железо, бакар, селен.

“Имуниот систем кај детето е во процес на созревање и тоа обично завршува помеѓу 3 и 5 година од животот. Особено во овој период, но и покасно е важно со правилна исхрана да се обезбедат сите нутритиенси кои имаат важна улога во созревањето на имуниот систем. Особено на почетокот на есента кога се очекува зголемен број респираторни инфекции кои особено се чести во детската возраст”, вели д-р Катерина Ставриќ, педијатар и имунолог.

Иако се знае дека разновидната и урамнотежена исхрана е најдобар начин за градење на силен имунитет, сепак изборот на храна треба да биде вистински и составот да го снабдува организмот со потребните состојки. Токму затоа постојат голем број производи, како што е кај нас Битолски јогурт со 10 витамини кој покрај снабдувањето на организмот со калциум, битен и потребен за цврстината на коските, во неговиот состав се додадени и десет витамини кои имаат клучна улога во многу процеси во организмот. Затоа што не секогаш децата внесуваат разновидна храна, со користење на вака збогатени млечни производи се обезбедуваат дневните потреби на овие витамини.

„Неколку истражувања го покажаа ефектот на ферментираните млека врз имунолошкиот систем, како и развивање на здрава цревна флора. Да не заборавиме дека цревната флора кај детето се развива во првите 3 години и особено е важно во овој период секојдневно да се внесуваат „корисни“ бактерии. Секојдневното внесување витамини и добри бактерии обезбедуваат јак имунолошки систем, поретки инфекции и доколку настинe детето полесно и побрзо му поминува“, додава д-р Ставриќ.

Битолски јогурт со 10 витамини со составот од витамините А, Б1, Б3, Б5, Б6, Б7, Б9, Б12, Е и Д3,  е посебно корисен за децата, за зајакнување на нивниот организам и правилен раст и развој, со тоа што придонесуваат за зајакнување на имунолошкиот систем, за здрави заби, здрава коса и кожа, подобар вид и цврсти коски.

Во разновидната исхрана на децата и создавањето на силен имунолошки систем, според д-р Ставриќ, значајна улога има и млекото.

„Млекото е одличен извор на протеини, калциум, фосфор и витамини од групата на Б. Како главен извор на калциум и протеини треба да се консумира секој ден. Според препораките, дете постаро од 1 година треба секојдневно да внесува не повеќе од две до три чаши млеко или млечни производи. Деца помали од 2 години треба да внесуваат млеко и млечни производи со нормална масленост. Витамините како што се витамин А, Д, Е и витамини од групата на Б, се исто така корисни за обезбедување здрав организам и јак имунолошки систем. Особено витаминот Д е важен, кој обезбедува подобра апсорпција на калциумот и негово вградување во коските. Витаминот Д, исто така има и улога во јакнење на имуниот систем заедно со витамин А и Е кои спаѓаат во групата на витамини растворливи во масти. Витамин А, Е и Ц имаат силно антиоксидативно дејство. Витамин А е важен за здрава кожа и слузници со што се штити организмот од штетни бактерии и вируси. Витамините од групата на витамин Б се особено важни за нормално функционирање на клетките и за регулирање на воспалителниот процес“, вели д-р Ставриќ.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.