Смеењето и здравјето рака под рака: 10 годишно партнерство на Бимилк и Златна бубамара

Содржината

Во годината во која Златна бубамара на популарноста го слави својот голем јубилеј, 20-то издание, најпопуларната забавна манифестација кај нас и Бимилк обележуваат уште еден мал јубилеј – нивното десетгодишно партнерство. Соработката која овие два големи македонски бренда ја започнуваат уште во 2007г. трае до ден денес и од година во година им овозможува на сите љубители на квалитетната забава и квалитетната исхрана многу моменти за паметење.

Во изминатите 20 години секое издание на Златна бубамара на популарноста се раскажува до следното нејзино издание бидејќи станува збор за уникатен музички, хумористичен, културен и забавен настан за кој картите се продаваат за неверојатни 3 минути. Смеењето и доброто расположение го разубавуваат нашето секојдневие, а со правилната исхрана се совршена комбинација за здрав и исполнет живот.

Бимилк со својот познат бренд Баланс+ низ годините го дополнуваат, разигруваат и следат хумористичниот и забавен концепт на Златна бубамара на популарноста. Креативните изненадувања како интересните награди, загревањето со зумба на сцена, левитирачките столчиња, големите штулари и овогодинешните впечатливи насмевкометри се само мал дел од иновативните концепти со кои Бимилк е присутен на Златната Бубамара. Големиот број на расположени и насмеани посетители низ годините и прераскажувањето на ‘‘бубамарите‘‘ се доказ за успешното 10 годишно партнерство.

Комбинацијата на пријателските бактерии, пробиотиците и пребиотиците кои ги содржи Баланс + му овозможуваат на организмот полесно апсорбирање на хранливите материи како и намалување на надуеноста и ублажување на лошто варење кое е карактеристично при консумирање на тешка и брза храна. 
За совршен активен метаболизам идеална е комбинацијата на Баланс+ и смеењето, бидејќи така не само што го забрзуваме нашиот метаболизам и согоруваме калории, туку и го намалуваме стресот и се чувствуваме поубаво.

Заврши уште една Златна Буба Мара. Сега, со нетрпение очекуваме следната Златна Бубамара заедно со Баланс+ повторно да не изненадат и ни овозможат уште една манифестација за која долго ќе се прераскажува.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.