00 / 00
|

Со Битолското чупе во зимски авантури!

Датум на објавување 11.01.2019.

Сигурно веќе добро го знаете омиленото Битолско чупе, она насмеано девојче во традиционална носија, со дрвена кантичка пресно млеко, кое е веќе добро препознатлив симбол за „Битолско“ и, впрочем, за целиот бренд Бимилк.

На возрасните им буди носталгија од некои други времиња, на децата им носи радост, игра и забава, меѓутоа дали некогаш сте помислите дека токму ова Битолско чупе, кое е симбол за традиција, историја и за квалитет, би можело понекогаш да го менува својот „аутфит“?

Во екот на зимската сезона, се прашувате ли како би изгледало, да речеме, во зимско руво? Со капа и со шалче, на скии или на санка, нашето омилено Битолско чупе ужива во зимските лудории.

Како и секогаш, сакајќи сè повеќе да се доближи до своите лојални потрошувачи, на начин што е разбирлив и интересен за нив, Бимилк повторно изненадува со својот иновативен пристап. Овој пат тоа се новите амбалажи на Битолскиот јогурт во една поинаква, зимска варијанта.

Всушност, сега имате можност да ја видите и да ја купите лимитираната колекција на Битолскиот јогурт со 4 различни дизајни. На скии, на сноуборд, со Снешко Белчо или, пак, како си игра во снегот, Битолското чупе во оваа зимска едиција ќе ве потсети на најинтересните зимски авантури, а вашите деца ќе го обожаваат.

Новите дизајни на Битолскиот јогурт се аплицирани на сите формати, односно на пакувањата од 1,5 кг, 1 кг, 500 г и 250 г, а ќе бидат достапни во продажба сè до март 2019 година.

Истовремено, од Бимилк ве повикуваат и да ги споделите вашите зимски авантури со нив и најавуваат голем број изненадувања!

Јогуртот како природен пробиотик за ефикасно забрзување на метаболизмот

Прескокнувањето на оброците или посегнувањето по нездрава храна најчесто е последица на брзото темпо на живот проследено со голема...

19.03.2019.

Функционална храна на 21 век: Што е тоа?

Сè повеќе станува тренд или, можеби, и реална потреба да се храниме здраво и балансирано.

13.03.2019.

Дознај кој карактер ти прилега преку ликовите на „зимското“ Битолско чупе

Дали уживате во зимските авантури или, пак, повеќе сакате снегот да го гледате од прозорецот и да уживате во домашна атмосфера?

11.02.2019.

Приклучи се на Фејсбук активацијата на Бимилк и освој викенд на Пелистер!

Во зимски авантури со Битолското чупе

30.01.2019.

Бимилк донираше за Дневниот центар за деца на улица „Шуто Оризари“

Потенцирајќи ја повторно својата општествено одговорна мисија и стратегија да биде долгорочен партнер на заедницата и на оние на к...

21.02.2019.
00 / 00
|
Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal