00 / 00
|

Стоматолозите препорачуваат јогурт и млеко за заштита на усната празнина од патогени микроорганизми

Датум на објавување 27.05.2020.

Млекото и јогуртот имаат бројни предности за здравјето без разлика дали станува збор за млад организам што расте и се развива или за возрасен. Со секојдневно консумирање се снабдува организмот со состојки коишто учествуваат во бројни процеси во организмот и влијаат врз правилниот раст и развојот, посебно кај децата. Предностите и здравствените придобивки од јогуртот и млекото, се засилени кога нивниот состав е унапреден со дополнителни витамини, како што се, кај нас достапни Битолскиот јогурт и млеко со десет витамини. Овие придобивки, покрај тоа што се неопходни за целокупниот развој се однесуваат и на здравјето на устата, усната празнина и забите и помагаат за оптимизирање на микрофлората.

Според стоматолозите оптималната микрофлора кај новороденчето ја создава мајчиното млеко, додека кравјото млеко има потенцијал да ја одржува понатаму во текот на животот. Затоа што микрофлората во усната празнина се состои од широк спектар патогени бактерии во мали концентрации, нејзиното оптимизирање му дозволува на организмот да развие специфичен имунитет спрема овие микроорганизми со минимални и контролирани инфламаторни оштетувања.

“Во усната празнина нормално живеат голем број микроорганизми кои ја формираат нејзината микрофлора. Овие микроорганизми се поделени на нормални жители на оралната празнина и на патогени микроорганизми кои можат да предизвикаат одредени инфламаторни состојби на слузницата од оралната празнина. Од суштинско значење е да има баланс помеѓу овие две групи микроорганизми во овој екосистем, бидејќи доколку порасне концентрацијата на патогените микроорганизми, тие може да предизвикаат оштетувања на ткивата, но доколку нивната концентрација се одржува ниска, тогаш тие можат да бидат и од корист”, вели доктор Дејан Димовски, специјалист по стоматологија.

Покрај, важноста на калциумот за квалитетни заби присутен во млекото и јогуртот, бројни истражувања потврдуваат дека пиењето млеко доведува до отпорност во настанувањето на кариесот, додека пак јогуртот го спречува размножувањето на патогените микроорганизми во оралната празнина.

“Јогуртот се добива при ферментација на млекото, кога бактериите коишто нормално ги има во млекото ги конвертираат шеќерите во млечна киселина. Оваа киселина го спречува размножувањето на патогените микроорганизми во оралната празнина, грлото и езофагусот на начин што  создава кисела PH средина која ја одржува концентрацијата на патогените микроорганизми на ниво кое не предизвикува воспалителни реакции на овој дел од дигестивниот тракт. Исто така, секојдневното консумирање јогурт доведува до краткорочна есенцијалната промена на флората околу забите и во криптите на крајниците”, додава Димовски.

Дополнително врз развојот и одржувањето силни и здрави заби, влијаат и витамините додадени во Битолското млеко и јогурт, посебно А, Б и Д. Витаминот Б ја штити усната шуплина од најразлични промени и заболувања, витаминот А е неопходен за обликување на забните ткива, витаминот Д е одговорен за минерализацијата на коските и забите и ако не се прима доволно може да дојде до нивно пореметување или пак разградување.

Есенцијални состојки за здрав раст на децата

Дури и мали деца знаат дека млекото нè прави силни и здрави. Млекото и млечните производи ни обезбедуваат приближно 75% од калциум...

23.06.2020.

Битолски сладолед со 10 витамини: Млечен сладолед за сите возрасти

Битолска млекара и Цермат го лансираат првиот млечен сладолед со 10 витамини на пазарот. Новиот производ е наменет за сите возраст...

04.06.2020.

Бимилк го одбележа денот на млекото со донација во Заводот за рехабилитација на деца и младинци

По повод 1ви јуни, Светскиот ден на млекото Битолска млекара реализираше значајна донација во производи за задоволување на потреби...

01.06.2020.

Совет од стоматолог: Зошто децата треба да пијат млеко и јогурт

Да се консумираат храна и напитоци богати со витамини и минерали е првиот и основен чекор што треба да се направи за зајакнување н...

13.05.2020.

Битолска млекара со нова финансиска помош за Министерството за здравство

Битолска млекара повторно излезе пресрет на Министерството за здравство и обезбеди финансиска помош за сервисирање и репарација на...

30.04.2020.
00 / 00
|
Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal