00 / 00
|

Успешно заврши акцијата „Розови и Здрави“

Датум на објавување 15.04.2015.

Заврши акцијата која под мотото „Розови и здрави“ здружението за борба против ракот Борка и млекарницата Бимилк ја спроведоа во текот на март - месецот на жената. Во рамките на акцијата, Бимилк пушти во продажба Битолски јогурт со посебен дизајн на пакувањето, со чие купување потрошувачите имаа можност да донираат дел од цената на производот за превенција од ракот на дојката. Во текот на акцијата беа продадени 335.000 пакувања на Битолски јогурт со знакот на розовата панделка. Средствата кои се собрани од акцијата ќе бидат искористени за одржување на едукативни трибини за превенција од ракот на дојката ширум Македонија.

„Ми претставува задоволство да ги информирам сите граѓани кои се вклучија во акцијата „Розови и здрави“, дека благодарение на ним, акцијата забележа голем успех. Во текот на месец март беа продадени 335.000 пакувања од пакувањето на Битолски јогурт кое беше посебно дизајнирано токму за оваа акција. Бимилк и во иднина ќе продолжи да организира и поддржува активности кои се во насока на промоција на здрав и активен животен стил.“ - изјави Полексена Ристеска, маркетинг менаџер во Бимилк.

Во рамките на акцијата, секоја сабота од месец март, Бимилк и Борка организираа и информативни пунктови каде повеќе од 100 граѓани добија подетални информации од стручен карактер за раното откривање и лекување на ракот на дојката.

Есенцијални состојки за здрав раст на децата

Дури и мали деца знаат дека млекото нè прави силни и здрави. Млекото и млечните производи ни обезбедуваат приближно 75% од калциум...

23.06.2020.

Битолски сладолед со 10 витамини: Млечен сладолед за сите возрасти

Битолска млекара и Цермат го лансираат првиот млечен сладолед со 10 витамини на пазарот. Новиот производ е наменет за сите возраст...

04.06.2020.

Бимилк го одбележа денот на млекото со донација во Заводот за рехабилитација на деца и младинци

По повод 1ви јуни, Светскиот ден на млекото Битолска млекара реализираше значајна донација во производи за задоволување на потреби...

01.06.2020.

Стоматолозите препорачуваат јогурт и млеко за заштита на усната празнина од патогени микроорганизми

Млекото и јогуртот имаат бројни предности за здравјето без разлика дали станува збор за млад организам што расте и се развива или...

27.05.2020.

Совет од стоматолог: Зошто децата треба да пијат млеко и јогурт

Да се консумираат храна и напитоци богати со витамини и минерали е првиот и основен чекор што треба да се направи за зајакнување н...

13.05.2020.
00 / 00
|
Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal