Заштита на животната средина

Заштита на животната средина

Заштитата на животната средина е основа за здравиот живот и воедно основна обврска на секој поединец, компанија или општествена заедница. „Млекара АД Битола“ како општествено одговорна компанија високо ги вреднува системите кои обезбедуваат почиста и поздрава животна средина, а нивната доследна примена претставува нејзин врвен приоритет.

Оттука, во 2012 година компанијата го доби сертификатот за системот за управување на заштитата на животната средина според стандардот ISO 14001:2004, кој во континуитет се унапредува и одржува. Овој сертификат е резултат на долгогодишното доследно спроведување на Политиката за квалитет, безбедност на храната, заштита на животната средина и здравје, безбедност при работа и целите на системите за управување.

Главна цел на „Млекара АД Битола“ во овој дел е континуирано планирање и спроведување проекти, мерки и активности со кои се подобруваат процесите, заштитата на животната средина и се усогласуваат истите со новите промени во законска регулатива.

Со доследното спроведување на Политиката за квалитет, безбедност на храна, заштита на животната средина и здравје и безбедност при работа се постигнати следните резултати за 2014 година, во поглед на намалување на потрошувачката на природни ресурси по литар преработено млеко во производните погони на компанијата во однос на 2012 година, односно по имплементацијата на стандардот:

  • вкупната потрошувачка на вода е намалена за 38,5 %
  • вкупната потрошувачка на електрична енергија е намалена за 2,4 %
  • вкупната потрочувачка на мазут е намалена за 15,2 %

„Млекара АД Битола“ секоја година подготвува програма за управување со отпад, изготвува извештај за нејзината реализација и истиот го доставува до надлежните институции. При реализацијата на програмата за управување со отпад за 2014 година се постигнати следните резултати, во споредба со 2012 година по литар преработено млеко во производните погони на компанијата:

  • вкупната количина на генериран отпад е намалена за 18,99 %
  • вкупната количина на рециклиран отпад е зголемена за 8,49 %